Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стратос Ставроу: Ако сакате да заработите од насадот, садете првокласни садници со сорти кои се барани на пазарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Стратос Ставроу: Ако сакате да заработите од насадот, садете првокласни садници со сорти кои се барани на пазарите
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Стратос Ставроу: Ако сакате да заработите од насадот, садете првокласни садници со сорти кои се барани на пазарите

Објавено 09/11/2019
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кога се подига нов овошен насад потребно е правилно да се извршат сите агротехни мерки, да се направи вистински избор на садници и да се знае што со родот од насадот, каде ќе се пласира.

Само кога ќе ги имате сите овие услови во предвид, можете сериозно да започнете еден ваков проект во кој ќе ви помогне и државата преку мерките од ИПАРД со што ќе ви се врати 60% од инвестицијата.

Преку ИПАРД можете да вратите 60% од инвестицијата за нов овошен насад

Од каде да набавите квалитетни садници?

Тргнувајќи од идејата Агротим да биде сервис на земјоделците за сите прашања од областа на земјоделството, особено за почетниците во ова производство истражувавме каде има најдобри, квалитетни овошни садници кои ќе гарантираат еден профитабилен агробизнис.

Патот не однесе во центарот на грчкото овоштарство – ВЕРИА во фирмата „БалканАгро“, расадник со 50 годишна семејна традиција.

Сопственикот Стратос Ставроу накратко не запозна со компанијата и нивната работа:

-Произведуваме по 200 000 садници праска, кајсија и 50 000 бадем. Со GFподлога со потекло од Италија, прочистени од болести. Наши клиенти се големи и мали производители и продаваме и на пазарите во Бугарија, Мароко, Јордан. Произведуваме и по 100 000 садници круша, јаболко и по 50 000 сливи. Секогаш работиме со нови сорти а патентите ги купуваме од разни центри низ Европа и Америка – ни изјави сопственикот Стратос Ставроу.

Карактеристично во овој расадник е следењето на новите модерни технологии на производство и сорти кои се бараат на странските пазари. Исто така испитувањата се прават и за влијанието на климатските промени како и однесувањето на сортите кон болести и штетнци.

-Овде имаме 40 сорти на кајсии кои ги истражуваме согласно поднебјето, однесувањето кон болести и штетници, прилагодувањето на климатските промени и сите други аспекти кои влијаат врз приносот и квалитетот на родот – вели Стратос

Матичњаците од каде се обезбедуваат калемите се во посебни места, подалеку од влијанието на средината, во чиста околина за да се добијат здрави и прочистени калеми.

Расадниците навистина изгледаат фасцинантно, по големина но и по квалитет и униформираност на садниците. Вакви површини има на неколку места низ Вериа, кои ги менуваат на секои 4 години и постојано се бараат нови површини на кои претходно немало вакво производство.

Расадништвото е една од трудоинтензивните гранки во земјоделското производство бидејќи речиси се, се врши рачно. Интересен факт е високите дневници од 350 евра што ги добиваат сеонските работници кои се вешти во калемењето. Овој процес трае 70 – 90 дена и тоа е всушност најтешката и најважната операција.

Во разговор со сопствениците дознавме дека имаат планови да го прошират производството и кај нас, со расадник за сорти кои се нови, прилагодени на нашето поднебје и клима и немаат проблем со пласаманот на производите.

Секако дека во тоа ја имаат целосната поддршка на Агротим преку едукација и информирање на земјоделските производители. Нашата заедничка цел е земјоделците да немаат проблем со пласмнот на земјоделските производи, затоа е важно да се подигаат насади со нови сорти или да се заменуват постоечките кои очигледно дека секоја година се проблем на земјоделците, но и на држвата која издвојува субвенции за нивното производство.

Исто така ги информиравме за поддршката на Владата на Република Северна Македонија која овозможува одлични услови за странските инвеститори, особено во производства кои кај нас во најголем процент се од увоз, како што е случај со садниот материјал.

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН: На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари
Таг:вериаовошнипазарипласмансадницисубвенциицена
Претходен напис Приказната на Игор Стрезовски: Од туршија на пазар до сериозен семеен бизнис
Следен напис Младите во агрокомплексот: Антонио насеа 400 хектари со пченица, a 50 хектари остави за сончоглед
1 коментар 1 коментар
  • kiraca напиша:
    на 03/11/2021 г. во 15:44 часот

    kade mozam da naracam sadnici za kajsija , praska, cresa i sliva.Mi trebaat po eden sadnik

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?