Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Младите во агрокомплексот: Антонио насеа 400 хектари со пченица, a 50 хектари остави за сончоглед


Есенската сеидба успешно заврши за младиот земјоделец Антонио Ангеловиќ од Лозово. Земјоделското производство за него е традиција која тој ја продолжува со сета сериозност и одговорост која ја носи оваа професија.

–Есенва насеав 400 хектари со житарица од кои основно семе пченица 50 хектари и јачмен основно 105 хектари. Се одлучив годинава да посеам и семенска пченица за да имам квалитетно производство, а и за другите колеги земјоделци да имаат добро семе и повисок принос. Оставив и 50 хектари за сончоглед за проектот договорно производство со фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес – вели Ангеловиќ.

По вокација е дипломиран економист но желбата и љубовта за земјоделското производство му е поголема од работа во администрација или некоја друга професија. Вели дека сака професионално да се занимава со земјоделство и следи каква поддршка има од државата.

-Ја очекувам мерката „Млад земјоделец“ , за која сега има најава дека ќе биде до 20 000 евра. Сакам да аплицирам за некоја приклучна механизација. Нема конкурентно производство без добра механизација- вели Антонио.

За годинава не се фали многу, претрпел штета од големо невреме во кое градот му уништил родот на стотина хектари под јачмен .

-Годинава земав субвенции редовно и се беше добро додека не се случи невремето кое ми направи зијан од 300 тони житарица. Исто така имам и 15 хектари лозов насад и со него не поминав најдобро- изјави Антонио.

На нашиот коментар дека се помалку младите сакаат да се занимаваат со земјоделство вели дека е така, а причината е мачната работа, 365 дена во годината.

-Земјоделството не е лесно, работиме постојано, на дожд, на сонце, а произведуваме храна. Затоа треба да се стимулира повеќе земјоделецот, тоа е добро за сите и за државата. За моите планови во иднина посакувам само здрвје и бериќетни години, а кога се работи макотрпно другото ќе си дојде – заклучува овој млад земјодел

Ное 9, 2019agrotim1
Стратос Ставроу: Ако сакате да заработите од насадот, садете првокласни садници со сорти кои се барани на пазаритеЗемјоделците и откупувачите ја оценуваат годинашната сезона како една од најдобрите

Напишете коментар Откажи одговор

09/11/2019 Растително производствоантонио, есенска сеидба, житарици, Трактор1,567

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019