Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Приказната на Игор Стрезовски: Од туршија на пазар до сериозен семеен бизнис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Приказната на Игор Стрезовски: Од туршија на пазар до сериозен семеен бизнис
Агровест

Приказната на Игор Стрезовски: Од туршија на пазар до сериозен семеен бизнис

Објавено 09/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во овие есенски денови нема човек што прошетал низ битолскиот пазар , а да не ја забележи  тезгата на која 35 годишниот  Игор Стрезовски секојденевно ги продава своите производи.

Прекрасна туршија од разновиден зеленчук , привлечни есенски бои и свежина во изобилие. Почнувајќи од  зелка (расол), карфиол, моркови, корнишони, лути феферони, пеглани пиперки па дури и специјалитеи како  полнети пиперки со изварка, кисела руска салата,полнети модри патлиџани…и сето тоа за 100-120 денари за килограм.

Човек  ќе застане тука и прво неколку минути разгледува, а потоа  тешко дека ќе може да се одлучи само за еден производ. И сите овде знаат дека Игор самиот го произведува зеленчукот, одредени количини ги продава свежи , а во есен тој прави вкусна  домашна туршија.

Кога го прашавме  од кога се занимава со оваа работа тој се насмевна и ни рече:

-Јас од кога знам за себе сум овде на битолскиот пазар. Како мал доаѓав со баба ми и продававме свеж зеленчук. Моите повеќе од 50 години се ,,бавчанџии. Потоа работата ја превзедов јас. Некои од муштериите ме знаат од дете, а постарите муштерии ги праќаат своите деца и внуци кај мене. Домашна туршија започнав да правам со помош на мајка ми ,по нејзиниот домашен рецепт пред повеќе од 15 години.

Од скромно домашно производство, денес Игор произведува прилично големи количини на туршија. Речиси цела есен и зима битолчани купуваат кај него. Има свои пластеници  на површина од околу  2,5 декари и околу 20 декари  отворени површини  на кои  одгледува најразновидни  видови на градинарски производи. Тој постојано ни раскажува за свежиот зелнчук, а ние се некако околу туршијата….

– Ако ме прашувате за плановите ,  уште е рано да ви кажам, но планирам да се проширувам. Свесен сум за кавалитетот на мојата туршија , за тоа  зборуваат муштериите. Можам да произведувам и повеќе и токму кон тоа се насочени моите идни планови. Веќе започнав со изградба на поголем објект кој би требало моето скромно произвотство  да го донесе на едно повисоко ниво. Но за сега тоа се само мои идни планови. Не сакам многу да зборувам за тоа…ќе покаже  времето.

Се поздравивме со Игор ветувајќи му дека доколку му е потребен совет за во иднина, Агротим е тука за поддршка. Вакви успешни млади луѓе се секогаш предизвик и мотив повеќе за нас.

Агротим со поддршка на земјоделските производители кои сами продаваат на пазарите.

Земјоделци, праќајте ни ваши фотографии од производството и тезгите на пазарите каде ги пласирате производите. Да го промовираме вашиот труд и домашното производство на храна.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:домашна туршијапроизводство на зеленчуксемеен бизнис
Претходен напис За 15 дена е продолжен рокот за поднесување барања за користење средства од ИПАРД 2
Следен напис Стратос Ставроу: Ако сакате да заработите од насадот, садете првокласни садници со сорти кои се барани на пазарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?