Доколку размислувате да подигнете нов овошен насад, имајте предвид дека можете дури 60% од инвестцијата да ја вратите со пари од програмата ИПАРД наменети за таа цел.
Во секторот за растително производство во делот за овоштарството преку ИПАРД се утврдени следните прифатливи инвестиции или трошоци:
Прифатливи инвестиции или трошоци:
Набавка на повеќегодишни растенија- Набавка на материјал за садење/калемење и подлоги на овошни сорти (вклучително сорти на трпезно грозје)
Набавка на потпорна конструкција
Набавка на опрема за заштитни мрежи и покривки, заштита од птици, заштита од гром
Набавка на опрема за обработка на почвата, за заштита на растенијата, за бербени и постбербени активности
Услуги за подготовка на терен
Услуги за садење и обновување на насади
Услуги за поставување на опрема и конструкција
набавка на специјализирана земјоделска механизација и опрема за обработка, заштита, ѓубрење и берба на овошен насад и постбербени активности, – поставување на заштитни мрежи или прекривки
Инвестиции во објекти за наводнување и опрема за санација/надградба на постоечката мрежа на фарма, вклучувајќи нови резервоари за вода, цевководи, системи капка по капка, системи за пареа, инсталации за распрскување, пумпни станици, итн.
Висина на финансиска поддршка
Вкупната финансиска поддршка (75% од ЕУ фондовите + 25% национално кофинансирање) која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.
Овој процент на кофинансирање ќе се зголеми до:
65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години сметајќи од денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка);
70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (Листа на планински области може да се превземе од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk)
Минимални капацитети
Сите баратели кои аплицираат за оваа мерка во времето на поднесување на барањето треба да покажат постоење на овошен насад со големина најмалку од 0,3 ха
Во случај на повторно засадување на долгогодишни насади со истата сорта на истата земјоделска површина/парцела, набавката на садниот материјал треба да биде придружена со инвестиции кои водат кон модернизација (набавка на земјоделска механизација или опрема и опрема и или/системи за штедливост на вода);
Кој може да биде корисник?
I.Земјоделско стопанство регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошниот текст: ЕРЗС) како семејно земјоделско стопанство претставувано од физичко лице или од индивидуален земјоделски производител или како земјоделско стопанство претставувано од правно лице. (Регистрацијата во ЕРЗС се врши во подрачните единици на министерството согласно адресата од лична карта).
II. Задруга која е регистрирана во Централниот регистар според Законот за задруги која примарно се занимава со земјоделска дејност, преработка на земјоделски производи и/или услуги кои се директно поврзани со земјоделските активности.
Општи критериуми за доделување на средства
Инвестициите треба да се реализираат на имот кој е во сопственост на барателот. Во случај на инвестициски проекти, кои се реализираат на имот кој не е во сопственост на барателот, треба да биде доставен договор за закуп, имотен лист со цел докажување на правото на користење на имотот кој е засегнат од инвестицијата за период од најмалку 10 години Договорот за закуп, времетраењето и површината на која се однесува договорот задолжително треба да биде впишан во имотниот лист.
Овластениот претставник на земјоделското стопанство треба да докаже дека има завршено минимум средно образование или високо образование преку диплома/сертификат или минимум 3 години работно искуство од областа на земјоделско производство, преработка или услуги поврзани со земјоделството (докажано преку доказ за професионално работно искуство или преку доказ како корисник на националните програми за поддршка во земјоделството и руралниот развој или други прифатливи писмени докази).
Кандидатите кои не ги исполнуваат горенаведените вештини и компетенции на крајот од инвестицијата треба да обезбедат сертификат за обука издаден од страна на релевантни стручни институции за обука, образовни и истражувачки
институции или јавни советодавни институции, доставувајќи ја и листата посетени обуки поврзани со инвестицијата.
Потребни документи при поднесување на барањето за семејно земјоделско стопанство
- Барање
- Важечка лична карта или пасош (копија)
- Трансакциска сметка на барателот (копија)
- Доказ за завршено образование, најмалку средно образование на барателот- физичко лице или одговорно лице на правното лице или земјоделска задруга
- Доказ за посетена обука од значење на инвестицијата или потпишана изјава дека барателот се согласува да учествува на професионална обука од значење за инвестицијата.
- Изјава на барателот дека е запознат со условите пропишани со листата на посени минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина објавени во службен весник на Република Македонија бр.178/2015 и дека истите ќе ги почитува и спроведува на цело земјоделско стопанство пред доставување на барањето за исплата.
- Документи за сопственост и/или право на користење на земјиште кои се предмет на инвестицијата: Имотен лист за земјиште, договор за закуп на земјиште, договор за концесија на земјиште.
- Деловен план
- Деловниот план не е задолжителен документ доколку вкупната вредност на планираната инвестиција е поголема од 50.000 евра во денарска противредност без вклучен ДДВ (Темплејтот на деловниот план е објавен на следната веб страна www.ipardpa.gov.mk
- Технички предлог проект е задолжиелен документ доколку вкупната вредност на планираната инвестиција е помала од 50 000 евра во денарска противредност без вклучен ДДВ.
- По една понуда за производи со вредност која не е поголема од 10 000 евра .
- По три понуди за производи со вредност поголема од 10.000 евра
13 Доказ за регистрирано земјоделско стопанство. Агенцијата ќе го обезбеди по службена должност.
13Потврда за пријавени производни капацитети (Во единсвен регистра на земјоделски стопанства, МЗШВ, Подружници. Агенцијата ќе го оезбеди по службена должност.
14.Потврда дека барателот нема неподмирени обврски кон МЗШВ за последната фискална година. Агенцијата ќе го обезбеди по службена должност.
Административна процедура
1.Поднесување на барање за финансиска поддршка. Барањата се поднесуваат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по објавен оглас
2.Oбработка на барање и избор на корисници
3.Контрола на самото место
4.Склучување на договор помеѓу барателот и Агенцијата
5.Реализација на договорот. Со реализацијата на проектот може да се почне откако договорот за кофинансирање е потпишан и може да има времетраење на реализација од максимум 2 години.
6.Поднесување на барање за исплата. Откако ќе биде завршена инвестицијата, крајниот корисник треба да достави барање за исплата. Барањето за исплата е пропратен документ на договорот потпишан помеѓу корисникот и Агенцијата. Заедно со барањето за исплата треба да седостави и останатата документација поврзана со направените трошоци(фактури,налог ПП-30, извод од банка) и останати документи наведени во самото барање за исплата.
7 Контрола на самото место
8.Исплата на средства
9. Контрола на самото место во времетраење од 5 години од завршувањето на инвестицијата
Внимавајте: Реализацијата на инвестицијата не смее да започне пред потпишување на договорот.
Доколку имате и други прашања или непознаници, контактирајте консултати кои ќе ви помогнат во изготвување на апликацијата. Важно е да бидете подготвени и да може да ги искористите средствата кои ви стојат на располагање.