Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Органското производство на Труди Боршош – Оваа пролет ќе посее 400 различни видови зеленчук!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > (Видео) Органското производство на Труди Боршош – Оваа пролет ќе посее 400 различни видови зеленчук!
Органско производство

(Видео) Органското производство на Труди Боршош – Оваа пролет ќе посее 400 различни видови зеленчук!

Објавено 15/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Труди Боршош со органско производство почнала да работи додека живеела во Швајцарија, а денес во местото Видовци кај Пожега, каде што се преселила со сопругот, одгледува многу видови разни семиња.

Труди секоја година на бесплатни работилници за деца и возрасни ја споделува својата љубов кон природата објаснувајќи на кој начин малчира, сее и го чува семето, а едукацијата не може да заврши без минувачите да ги пробаат плодовите за кои зборува.

принтскрин/Youtube

Оваа пролет, вели таа, ќе посее 400 различни видови зеленчук, овошје и цвеќе, а ќе има и место и за некои лековити и зачински билки.

„Градината е мојот психијатар, мојот одмор“, вели таа.

принтскрин/Youtube

Земјиштето, објаснува Труди , не го обработува, а растенијата не ги копа и не ги наводнува, освен кога има голема суша. Таа има 350 видови семе од домати, а во нејзината градина може да се најдат куркума, ориз, разни сорти краставици, бели и многу други домати, пиперки, тикви, разни видови егзотични и едногодишни овошја.

Зачетничка на идејата за зачувување на старите сорти

„Јас во таа градина работам многу малку. Марулата расте сама, како и кромидот и морковот. Секако, помеѓу нив ставам цветни леи и засадувам што сакам“, вели таа, додавајќи дека понекогаш во градината има и животни, а најмногу се радува кога ќе види срна како јаде блитва.

принтскрин/Youtube

Во Швајцарија, објаснува Труди, била член на здружението „Биотера“ и една од зачетничките на идејата за зачувување на традиционалните, постари сорти. Истакнува дека Швајцарија одамна почнала со поттик за заштитата на ваквите семиња, а во времето кога таа му се приклучила на здружението, тие прославувале 50 години постоење.

принтскрин/Youtube

„Ни рекоа дека треба да внимаваме да не заборавиме што имавме. На есен, секогаш имавме размена. Тие семиња потоа одеа во различни делови на земјата, но и на светот, и така продолживме да ги зачувуваме“, се присетува Труди.

принтскрин/Youtube
принтскрин/Youtube
принтскрин/Youtube

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Таг:органско производство
Претходен напис Бочварски: Ќе се изработи Урбанистички план за целото Охридско крајбрежје
Следен напис (Видео) Почеток на активностите на МЗШВ за осигурување на земјоделското производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?