Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Ќе се изработи Урбанистички план за целото Охридско крајбрежје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бочварски: Ќе се изработи Урбанистички план за целото Охридско крајбрежје
Агровести

Бочварски: Ќе се изработи Урбанистички план за целото Охридско крајбрежје

Објавено 15/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ќе работиме активно на спречување на појава на изградба на нелегални објекти. Ние се понудивме да работиме на изработка на Урбанистичкиот план за целото Охридско крајбрежје, што е поздравено од сите стручни служби од УНЕСКО, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

– Навистина работиме на повеќе аспекти и сегменти. Транспорт и врски веќе се понуди да го изработи урбанистичкиот план  за целото Охридско крајбрежје што е поздравено од сите стручни служби од УНЕСКО, дека за првпат во историјата веќе работиме на регулирање со урбанистичкиот план на целото крајбрежје, секако и на усогласување на детално урбанистичките во општините со Планот за управување бидејќи имаме одредено разидинување во однос на тоа што е предвидено со деталните планови а што дозволува планот за управување предвидено од УНЕСКО, додаде Бочварски на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека работат на целосна координација за да го усогласат со Агенција за планирање на простор на Национална агенција, со цел да им се помогне на општините.

 -Ова не е прашање кое ќе се реши преку ноќ но националните и локалните институции и сите засегнати страни да дадеме се од себе за да го задржиме статусот на УНЕСКО. Преку урбанизацијата ние ќе ги преземеме нашите ингеренции преку новиот Закон, но потребна ни е и поддршка од сите останати засегнати страни во овој процес, додаде министерот.

Во однос на спречување на изградба на нелегални објекти, Бочварски рече дека првиот аспект е преку плаќање на казнени пенали, а вториот преку јакнење на капацитетите на општините со новиот Закон за урбанистичко планирање.

-Јас најавив уште на почетокот на мојот мандат дека ние ќе работиме активно на спречување на појавата на изградба на нелегални објекти, и тоа мора да оди перманентно, постојано преку повеќе алатки, како би ја намалиле или би ја свеле на минимум ваквата појава и изградба, бидејќи ваквите објекти се граделе и порано и денеска, но наша е одговорноста колку тоа ќе го сведеме на минимум, рече Бочварски.

Тој посочи дека од едната страна, едниот аспект е дека секој кој кој што градел вакви објекти со нов Закон ќе треба да плати казнени пенали.

– Не да плати едно евро и да го легализира својот објект, туку доколку матичните комунали во матичната општина се сто евра, да плати 150 евра, наспроти првиот закон кога беше едно евро, за легализација по квадрат на тој објект. Така што првиот аспект се казнените пенали, додаде министерот.

Вториот аспект е јакнење на капацитетите на општините.

-Јакнење на капацитетите на општините со новиот Закон за урбанистичко планирање предвидува нови можности и поволности за тоа како ќе се донесе одреден закон со целосна координација со граѓанството, со невладини организации, со поголема транспарентност, со цел да ги ставиме во шините на правилно или легално градење и граѓаните и сите оние кои тргнале кон една таква изградба, рече Бочварски.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БичварскиОхридско езероурбанистички план
Претходен напис Поскапуваат бензините и дизелот
Следен напис (Видео) Органското производство на Труди Боршош – Оваа пролет ќе посее 400 различни видови зеленчук!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?