Струмичките земјоделци бараат од Владата директна финансиска помош од 10 денари по килограм за црвената пиперка. Тие веќе испратиле официјален допис до премиерот Христијан Мицкоски, во кој укажуваат на тоа дека се соочуваат со исклучително тешка производствена година во која трошоците значително се зголемени, додека откупната цена на пиперката е драстично пониска во однос на претходните години.
Месно Здружение на млади -Муртино
– Поради тоа, бараме Владата да донесе одлука за итна комбинирана финансиска поддршка со просечен ефект од 10 денари по килограм, составена од следните два дела:
1. Поддршка од 5 денари по килограм за официјално предадена куртовска капија во регистрирани откупни и преработувачки капацитети, врз основа на откупен блок, фактура или друг официјален документ.
2. Поддршка од 20.000 денари по засаден декар со куртовска капија, со оглед на просечниот принос од 4.000 килограми по декар: 4.000 кг × 5 денари = 20.000 денари по декар.
Дали побараната, но и очекувана помош од Владата ќе стигне до земјоделците, сепак засега не се знае, бидејќи од Влада за 24 кратко велат дека се анализираат барањата на земјоделците.
ВЛАДА НА РСМ
– Во текот на вчерашниот ден е примен допис кој е прераспределен на стручните надлежни служби, кои по негово разгледување соодветно, навремено и во согласност со надлежностите ќе одговорат на подносителите.
Според Ресорниот министер, Борче Серафимовски пак решението на проблемот несомнено лежи во планираното производство, за да, како што истакна во емисија на 24, можеле да го испланираат и откупот.
Инаку, струмичките земјоделци изминатиот период протестираа во повеќе наврати, барајќи државата да ги заштити од, како што велат, ценовните манипулации на откупувачите.
