Жетвата на шеќернта трска во Индија, започнува во почетокот на октомври, а бидејќи земјата не е механизирана, производителите се потпираат на работниците кои доаѓаат од разни делови на сојузните држави.
Се поголеми се изгледите жетвата на шеќерната трска во Индија да доци, а главна причина за тоа е недостигот на работници мигранти. Но, бидејќи Индија е трета земја во светот по бројот на заразени со COVID 19 , стравот на работниците кои треба да дојдат на полињата, од понатамошно ширење на вирусот, потполно е оправдан.
Од друга страна пак, одложувањето би резултирало со побавно производство на шеќер, што никако не им оди во прилог, особено сега кога имаат можност да го прошират пазарот, откако Тајланд се соочи со катастрофални приноси, наведува Ројтерс.
– “Очекуваме доцнење на почетокот на сезоната. Се зависи колку ќе имаме достапни работници и како ќе продолжи да се шири пандемијата“, објасни претседателот на Задругата на западноиндиски фабрики за шеќер (WISMA).

Бразил најголем конкурент
Индија годишно произведува околу 370 милиони тони шеќерна трска, што ја прави втор најголем производител после Бразил. Во земјата моментално има 700 фабрики за преработка каде се вработени околу 50 милиони луѓе. Шеќераните во сојузните држави Махараштра, Карнатака и Гујарат се потпираат на сезонците, кои оваа година најверојатно нема да дојдат.
„Jakraya Sugar“, е фабрика за шеќер со седиште во Солапур во западната држава Махараштра, која забележа најголем број на заболени, има седум машини за берење на шеќерна трска и нарача уште 15 во случај да не успеат да дојдат до работниците. “Една машина заменува скоро 100 работници“, истакнува нивниот извршен директор.
Бразилската иднустрија за шеќер за разлика од индиската, е скоро 100% механизирана, што и дава огромна предност, а фармите исто така се многу поголеми. Благодарение на тоа, одгледувачите на шеќерна трска успешно се справуваа со пандемијата и ја започнаа на време жетвата во април.
Извор: Аgroklub