Со традиционалното рачно зажнејување во селото Чифлик, општина Чешиново-Облешево, денес го означивме почетокот на жетвата на оризот, информира министерот за земјоделство – Борче Серафимовски.
Чест ми е што овој важен момент го одбележав со оризопроизводителите, луѓето кои со знаење, истрајност и многу труд ја продолжуваат традицијата.

Оризот е препознатлив белег на овој крај, но и земјоделска култура од големо значење за македонското производство.
Нека е плодна жетвата и бериќетен родот!
Фејсбук статус на Борче Серафимовски – министер за земјоделство

