Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски: Политичкото пријателство со Индија да го претвориме во инвестиции и долгорочни партнерства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски: Политичкото пријателство со Индија да го претвориме во инвестиции и долгорочни партнерства
Агровести

Серафимовски: Политичкото пријателство со Индија да го претвориме во инвестиции и долгорочни партнерства

Објавено 22/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, вчера се обрати на Македонско-индискиот бизнис-форум, кој се одржа во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, на Северна Македонија.

„Официјалната посета на претседателката Драупади Мурму претставува силен поттик политичкото пријателство меѓу нашите земји да го претвориме во конкретна економска соработка, нови инвестиции и долгорочни деловни партнерства“, истакна министерот Серафимовски.

Во обраќањето пред претставниците на деловните заедници на двете земји, министерот посочи дека сегашната трговска размена во земјоделството и прехранбената индустрија не ги одразува реалните можности на двете економии. Како области со најголем инвестициски потенцијал ги издвои сточарството, производството и преработката на овошје и зеленчук, лозарството и винарството, органското производство, пчеларството, како и развојот на дистрибутивни центри и современи преработувачки капацитети.

„Нашата цел е македонското земјоделство да го трансформираме во модерно, одржливо, технолошки напредно и извозно ориентирано стопанство. Индија ја препознаваме како значаен потенцијален партнер во тој процес, пред сè од аспект на трансферот на технологии и знаење, развојот на преработувачки капацитети и отворањето нови пазари“, нагласи министерот Серафимовски.

Министерот ги претстави и можностите за инвестиции во паметни системи за наводнување, рационално управување со водата, земјоделска механизација, дигитално следење на производството, соларни системи за фарми и производство на енергија од биомаса и биоотпад. Тој информираше дека компаниите што ќе ги исполнат пропишаните услови можат да користат поддршка преку националните програми и ИПАРД III.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е подготвено да биде активен институционален партнер. Подготвени сме да овозможиме директна комуникација со заинтересираните компании, да ги поврземе со македонски производители и преработувачи и да помогнеме инвестициските идеи да се претворат во одржливи проекти“, порача министерот Серафимовски.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Надица Џерковска именувана за државен секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Без вода и струја неколку улици во Скопје
Пожари и штети од невремето има и во Свети Николе и Пробиштип
ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
Таг:ИндијапартнерстваСерафимовски
Претходен напис Надица Џерковска именувана за државен секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Следен напис Во Штип наврнале 18 литри дожд на квадратен метар, денеска услови за невреме и град
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?