Урбанизацијата веќе со години е главен тренд ширум светот. Повеќето луѓе родени во селата брзаат кон модерните градови. Очигледно е дека постојат големи разлики помеѓу руралниот и урбаниот начин на живот. Тешко е да се каже што е подобро. Ниту еден од нив не е над другиот.
Живеењето во град често пати значи поголема плата, повеќе можности, повеќе образовни ресурси, подобра медицинска нега и сл. Сепак, овие работи денес постепено се достапни и во селата. Напротив, има многу работи што луѓето што живеат во селата би ги разбрале. Луѓето кои никогаш не живееле во село не можат да ја доловат вистинската убавина на руралниот живот.

1. Секој ден ќе дишите свеж воздух
Кој не живеел во село, тој не може да замисли колку е свеж воздухот таму. Нема издувни гасови од автомобили, одводни јами, смрдлив отпад … Додека во градот речиси секојденевно треба да се штитите од загдениот воздух, во село од утро до вечер дишите чист воздух.
2. Можете да живеете мирен живот
Градот е секогаш бучен. По улиците има многу возила и луѓе. Бучавата доаѓа од сите страни: сообраќајна гужва, индустриски звуци, звуци во згради и звуци од соседите … Сепак, во селата никогаш не треба да се грижите за овие звуци. Можете да спиете мирно ноќе и да уживате во мирна прошетка преку ден.

3. Ќе имате можност да јадете свеж, еколошки и чист зеленчук
Ако живеете во град, целата храна мора да ја купите во супермаркет или во трговски центар. За да јадете свеж зеленчук, мора да станете рано и порзо да стигнете на пазарот. Сепак, ситуацијата е сосема поинаква ако живеете во село. Таму, можете сами да одгледувате разни видови зеленчуци. Контролирајте ги ѓубривата и пестицидите сами за да бидете сигурни дека зеленчукот е еколошки и чист.

4. Животот во село е поефтин
Несомнено, трошоците за живот во селата се многу пониски. Цената на стоката во селата е пониска одколку во градскиот начин на живот. Тоа значи дека ако живеете во рурална средина ќе можете да купите иста количина стока, а да потрошите помалку пари. Исто така, бидејќи има помалку потрошувачки опции, можете да направите големи заштеди за да ви останат повеќе пари.
5. Никогаш нема да се чувствувате сами
Повеќето луѓе што живеат во градовите го имаат истото чувство: опкружени се со луѓе на само 10 метри оддалеченост, но се чувствуваат осамено. Постои мала комуникација помеѓу соседите, а пријателите можат да бидат оддалечени десетици километри. За да ја убиете осаменоста, гледате филмови наИнтернет, играте игри на Интернет, одите на кратко патување … Сепак, ако живеете во село, никогаш нема да се чувствувате сами. Ќе се поздравувате со соседите секое утро и можеби ќе живеете на само 20 метри оддалеченост од пријателите. Во градот се среќавате со странци, но во селото ништо нема да ви е чудно, за кратко време сите ќе ги познавате.

6. Ќе имате повеќе физички активности
Во градовите постојат многу сообраќајни алатки што можат да ве оттргнат од физичките активности, додека пак во селото ќе бидете многу повеќе физички активни. Секоја активност во руралниот живот бара физички напор, како што се, работа на нива, собирање дрва за зимата, пешачење по старата патека или одење до блиската продавница. Се вели дека триесет минути активно пешачење ќе го смири вашиот нервен систем во следните 4 часа, додека руралниот живот ќе обезбеди повеќе можности за повеќе од триесет минути активно пешачење.

7. Можете да уживате во убавото ноќно небо
Она што можете да го видите во градските ноќи е само палење на светлата од куќите, семафори, светла на возила и улични светилки, но не и ѕвезди и месечината на небото. Сепак, на село можете да уживате во чистото и убаво ноќно небо со ѕвезди што сјаат.
8. Не сте опседнати со трендовите
Додека живеете во градот, треба да проверите дали облеката ви е во мода или не пред да излезете, бидејќи другите ќе ви се смеат затоа што не сте модерни. Можеби лесно ќе ве трогнат жешки теми како на пример озборувања, холивудски филмови, филмски ѕвезди автомобили … иако не ви се допаѓаат такви работи. Во село, пријателите никогаш нема да ве гледаат со презир затоа што не сте запознаени со најновите озборувања. Можете да живеете едноставно и слободно како што сакате.
9. Не мора да се грижите за паркинг простор
Ако имате автомобил, знаете колку е тешко да се најде место за паркирање во преполните градови, а да не зборуваме за бесплатен паркинг! Меѓутоа, ако сте живееле во селао, знаете колку е лесно да најдете бесплатен простор за паркирање. Нема семафори, застој и метеж.

10. Во селото сте побезбедни
Огромниот притисок на животот во градот доведува до појава на криминални дејствија и многу кривични дела како што се кражби и убиства. Исто така има многу повеќе возила во градот, што резултира со чести сообраќајни несреќи. Додека во селата има малку сообраќајни несреќи. Треба да се спомне и тоа дека, луѓето што живеат во градовите се повеќе подложни на многу болести поради нивниот животен стил и внесувањето на брза храна. Овие работи стануваат се помалку возможни во селата.
Извор: Агроинфо
