Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Чоколадото во иднина можеби ќе стане луксуз?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Чоколадото во иднина можеби ќе стане луксуз?
ПазариРастително производство

Чоколадото во иднина можеби ќе стане луксуз?

Објавено 07/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на какаото се очекува дека ќе растат и понатаму, под влиајние на зголемената побарувачка и намаувањето  на производството. Имено, голем број на земјоделци на западот на Африка престанаа да  одгледуваат  какао и почнаа да одгледуваат  каучук или пламино масло, пишува швајцарскиот весник 24 часа.

Со тоа, производството на какао се намалило и во Венецуела, која некогаш произведуваше половина  од вкупното светско производство на оваа култура. Денес Брегот на Слонова коска и Гана даваат повеќе од половина од светското произвдоство на оваа култура, неопходна за производство на чоколадо.

Минатата година Венецуела произведе 14.000 тони какао, најмалку во последните 50 години, бидејќи земјоделството пропаѓа во земјата во која доминира нафтата. Оваа земја, има резерви  на нафта и е меѓу најголемите увозници на храна во светот, увезуваат дури 70% од храната  потребна за нивното население.

Производителите на чоколадо и понатаму  многу го ценат какаото од Венецуела како едно од најдобрите во светот, особено сортата криолио, наведува весникот и оценува дека владата на Венецуела пропушта златна шанса да го уновчи се поголемиот апетит на остатокот на светот по чоколадо.

Како што предвидуваат аналитичарите, ситуацијата нема да се промени ни во следните години. Побарувачката ќе расте и понатаму, а производителите нема да можат да ги задоволат потребите, што уште повеќе ќе го зголеми растот на цената на оваа суровина.

Дванаесет  здруженија ширум светот, кои поддржуваат производство на какао и чоколадо, се ангажираа и прават напори 300.000 одгледувачи на оваа култура во Гана и  Брегот на Слоновата коска да го удвојат производството за оваа година.

Сеуште не се знае дали оваа иницијатива ќе вроди со плод, но она што е сигурно е дека цените и натаму ќе растат, со ризик чоколадото во иднина да стане луксуз, заклучуваат белгиските медиуми.

Извор: Агропортал

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Истражувањата покажуваат: Мирисот на чоколадо или ванила може да ви помогне да се откажете од пушењето
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:Венецуелакакаолуксузцена на какаоточоколадо
Претходен напис Еколошкото земјоделство е повеќе исплатливо од конвенционалното?
Следен напис Жетвата на шеќерна трска во Индија ќе доцни поради недостиг на работници?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?