Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците се жалат на ниска цена на зелката од 5 денари за килограм
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Земјоделците се жалат на ниска цена на зелката од 5 денари за килограм
Пазари

Земјоделците се жалат на ниска цена на зелката од 5 денари за килограм

Објавено 21/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По објавување на информацијата дека со ангажман на Министерството за земјоделство во Струмичко се откупени 40 тони пролетна зелкa, до редакцијата на Агротим се обратија неколку земјоделци кои тврдат дека на терен ситуацијата е лоша и зелката се откупува по 5 денари за килограм.

-Не е точно дека зелката се откупува по 10 денари. На терен ни ја земаат по 5 денари за килограм што е многу ниска цена која не ги покрива ни основните трошоци за производство – велат земјоделци од струмичко.

Неодамна на прес конференција министерот Димковски за откупот на пролетната зелка изјави дека како ресорно министерство го следат од самиот почеток и дека се запознати со состојбата. Тој ги повика откупувачите да ја понудат повисоки цени на странските партнери.

-Состојбата околу пласманот на зелка ја следевме од самиот почеток и одржавме состанок на барање на трговците каде што се разговараше да се задржи цената. Но овде на површина излезе еден проблем кој со години се провлекува и во иднина мора да биде реорганизиран целиот овој откуп  и  ниската цена кон странските купувачи  доведе до овој проблем. Порака до откупувачите уште утре на своите странски купувачи да им понудат повисока цена бидејќи цената на зелката на странските пазари не е намалена. А исто така ќе мора да се направат и одредени законски измени затоа што ваквата состојба не смее да продолжи – изјави Димковски.

Но и покрај ова, на терен продолжуваат проблемите на земјоделците со откупот и ниската цена на зелката која денеска, според изјавите на земјоделците од струмичките села се откупува по мизерни 5 денари за килограм.

Земјоделците очекуваат поддршка од институциите.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
400.000 тони сончогледи со 10 бродови отпловија од Аргентина до Бугарија – земјоделците на нозе!
Цените на житото во 2026 година: Пченката поскапа од пченицата, пазарот е под притисок од геополитиката
(ВИДЕО) Божидар подели 10 тони зелка бесплатно! Подобро да им дадам на луѓето отколку да фрлам!
Цена на златото падна повеќе од 2% поради оптимизмот во трговските преговори САД – Кина
Таг:5 денаризелкапазар
Претходен напис Со ангажман на Министерството за земјоделство во Струмичко откупени 40 тони пролетна зелкa
Следен напис Се бараат домашни производи: Првите испораки ги правеа со автомобил, сега им треба шлепер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?