Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дурмиши: Сега трговците се примерни, но ако имаат девијантно однесување, ќе бидат казнети
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дурмиши: Сега трговците се примерни, но ако имаат девијантно однесување, ќе бидат казнети
Агровести

Дурмиши: Сега трговците се примерни, но ако имаат девијантно однесување, ќе бидат казнети

Објавено 27/08/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за економија вели дека во септември ќе има засилени контроли на цените во продавниците. Ќе се контролира и дали се почитува одлуката за „училишната кошница“

„Зголемувањето на цените на горивата се очекува да предизвика раст на други цени, од тоа не може да се бега, но засега инфлацијата се стабилизира и два месеца по ред имаме намалување на цените на храната. Од друга страна, сè уште имаме најевтин бензин и дизел во регионот, затоа во моментов не се предвидени мерки како намалување на ДДВ за горивата“.

Ова го изјави министерот за економија Бесар Дурмиши на денешниот брифинг со новинарите, појаснувајќи дека, сепак, министерството не е надлежно за вакви мерки, нив ги носи Владата.

Дурмиши вели дека во септември ќе има засилени контроли на цените. Ќе се проверува дали има девијантно однесување на трговците, и ако има, според законската регулатива ќе се казнуваат. Тој појасни дека за нив се пресудни бруто-профитните маржи, какви се тие. Тоа не значи дека ќе се казни зголемување на цени, ако тие пораснале како резултат на поскапи набавки.

– Ако се зголемуваат цените без оправданост од страна на трговците, како што сме постапиле во минатото, така ќе постапуваме и во иднина. Ние гледаме колкава е маржата преку дистрибутерот до крајниот трговец. Ако на светска берза се зголемува цената на нафтата, тоа нормално дека ќе влијае и врз другите цени. Ние со пазарниот инспекторат го анализираме целиот синџир – објасни Дурмиши.

Тој посочи дека во минатото имало профитни маржи и од 20 и од 30 проценти поради што преземале мерки, односно нивно административно ограничување.

– Ние сме пазарна економија. Не можеме да формираме цени, но имаме административни мерки на располагање – посочи министерот.

Последната контрола пред еден месец главно покажала прифатливи маржи. Имало бруто-маржи 10 до 15 проценти, а имало и од 7.

– Сега-засега имаме стабилни цени, минатиот месец забележавме и намалени маржи. Но, ако има девијантно однесување, тука сме да донесеме мерки – потенцираше Дурмиши.

Тој најави контроли и во книжарниците и секаде каде што се продава училиштен прибор. Владата донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор заклучно со 30 септември годинава. Со оваа одлука, трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10 отсто, додека, пак, трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15 проценти. Мерката опфаќа широк спектар на производи што се неопходни за почетокот на учебната година: ранци и ташни; тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала; боички, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери; темперни, акрилни и водени бои и четки; ​линијари и дидактички материјали; ​острилки и гуми за бришење; ​детски ножици, футроли, лепила, шестари; ​дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни.

Во дел од книжарите нема ознаки за попусти.

– Мерката е донесена на седница на Владата и заедно со Државниот пазарен инспекторат ќе излеземе на терен и ќе ги контролираме сите книжарници и маркети каде што се продава училишниот прибор. Таму каде што има злоупотреби и непочитување на мерката, во согласност со законот, Инспекторатот ќе постапува. Ако граѓаните имаат некои такви сознанија, може слободно да пријавуваат на веб-страницата, или директно кај Државниот пазарен инспекторат – вели Дурмиши.

Учебната година почнува на 1 септември, па легитимно прашање е дали одлуката на Владата и контролите на цените за училишниот прибор, не се задоцнети.

Може да ви се допадне

Мицкоски: Земјоделците ја имаат нашата поддршка, преку механизмите кои ни се на располагање ќе сториме сѐ за да помогнеме
ДЗС: Откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3,7 милијарди денари
АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците
Министерот Серафимовски оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер
Исплатени 372 201 760 денари СУБВЕНЦИИ на 4284 одгледувачи на ГОВЕДА
Таг:пазарцени
Претходен напис ДЗС: Откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3,7 милијарди денари
Следен напис Мицкоски: Земјоделците ја имаат нашата поддршка, преку механизмите кои ни се на располагање ќе сториме сѐ за да помогнеме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?