Не се грижиме многу за амбалажата, за пакетите и за тоа да е се убаво спаковано. Целта ни е купувачите да се фокусираат на самиот производ, на неговиот вкус и мирис, вели Никола Бориќ, сопственик на „Шумска фарма“и основач на кластерот „ Made in Papuk“ па ги повикува и останатите земјоделци да го следат неговиот пример бидејќи работа има барем за уште стотина фирми, а побарувачката се зголемува се повеќе.

„ Започнавме многу скромно, а денес имаме премногу работа. Кластерот го формиравме пред 10 месеци и во тој период кога имавме помалку работа научивме да работиме и се припремавме за некоја крајност односно за некој возможен бесконечен раст. Со самото тоа бевме спремни за неочекуваниот пораст на работата, која поради новонастанатата ситуација со корана вирусот се зголеми за 500%. Денес имаме платформа и алатки за онлајн нарачки преку мобилните телефони и компјутерите. Програмата автоматски издава сметки, ги прави маршутите за 10 доставувачи ги организира пакетите по палети според важноста и редоследот на достава.“ објаснува сопственикот Никола Бориќ.

Работата толку многу им се зголемила, така што повеќе не можеле да работат рачно, не можеле да ги обработуваат нарачките, па морале да се автоматизираат.„ Би лажел кога би рекол дека не бевме изненадени. Првата недела после хаосот што настана со пандемијата и земјотресот во Загреб беше вистинска борба, но го забрзавме процесот и сега е полесно“,задоволно признава соственикот, додека се сеќава на почетоците на доставата со сопствениот автомовил. Денес им треба шлепер.
„Производителите постојано не контактираат од самиот почеток. На сите наши нови членови кои имаат производ што ние го немаме во понудата им дозволуваме влез. Но исто така ги штитиме и нашите верни кооперанти кои се со нас од самиот почеток дури и тогаш кога новите соработници ни нудат и многу пониски цени. Кај нас не е работата во парите туку во силната на заедницата која става акцент на довербата.“ објаснува Никола и нагласува дека секој има своја задача и го извршува својот дел од работата. Тоа значи дека производството е одделено од транспортот, маркетингот од продажбата, сметководството од остананатите функции.

Со работната сила немаат никакви проблеми, бидејќи работниците почнувајќи од берачите па се до возачите на виљушкари и камиони и луѓето во канцелариите ги плаќаат повеќе од вообичаениот просек во тој сектор. „Тоа можеме да си го дозволиме бидејќи нудиме уникатен производ на пазарот кој има многу голема вредност кај крајниот потрошувач. Производи со вака висок квалитет невозможно е да се најдат во слободна продажба во големите продавници. Нашите количини се ограничени токму поради начинот на одгледување. Дел од нашите произоди имаат еко сертификат, додека останатиот дел од овошјето и зеленчукот се одгледуваат по принципот на биодинамика и пермакултура, без пестициди и вештаачки ѓубрива, додека пак животните што ги одгледуваме се движат слободно и на испаша.“


Сакаат да го споделуваат знаењето и досега стекнатото искуство и бесплатно да ги едуцираат сите кои се заинтересирани. Сакаат да ги поттикнат останатите земјоделци да го следат нивниот пример затоа што работа има многу а побарувачката се зголемува. „Вака вашиот производ има многу поголема вредност и не зависи од промената на цената на пазрот и од минималната исплата од страна на големите трговски ланци кои често се случува да доцнат со плаќање “-советува Никола.
Како да се стартува еден кластер?
Успехот на ваквиот начин на организирање се темели на взаемна доверба и почитување на правилата. Имајќи во предвид дека во еден кластер секогаш соработуваат повеќе партнери, организацијата би требало да биде што е можно поедноставна , транспарентна и оперативна бидејќи кластерот е долгорочен проект и како таков многу сложен. „Пред се една личност би требало да собере повеќе мали производители , со што е можно поголем асортиман на производи, а после тоа ние можеме да помогнеме со нашето искуство и да излеземе во пресрет со барање на купувачи и со продажба. Следниот чекор би бил маркетинг по пат на дигиталните и останатите медиуми насочен кон целните групи каде што се планира продажбата, потоа треба да се организира пакувањето, транспортот и доставата до крајните купувачи. Сакаме да им помогнеме на сите кои сакаат да започнат ваков бизнис бидејќи сметаме дека ова е иднинатана производството и дистрибуцијата на храната“.


Најважно е сите трошоци да се искалкулираат во цената. На сите ново отворени кластри во Хрватска им нудат бесплатна онлајн видео едукација, почнувајќи од собирањето и откупот, па се до пакувањето , пласманот и маркетинг планот. Им нудат услуги од страна на нивни превозници, доставувачи , веб продавници и интернет апликации или пак програми за издавње на интернет сметки.
Нивна цел е да ги пласираат производите на малите производители низ цела Хрватска
“За сега ги покриваме градови Загреб, Осијек, Ѓаково, Долни Михољац и Ораховица, a наша цел е производите на малите производители во Славонија да ги пласираме низ цела Хрватска бидејќи нашиот пазар тоа го бара. Хитно ни требаат регистрирани производители на јајца , и живина од сите врсти. Тие производи моментално ни недостасуваат“- велат од кластерот „Made in Papuk“. Исто така истакнуваат дека многу бргу останале без органски компири, јаболка, грав, а голем дел намирници кои се бараат воопшто ги немаат во понудата.


Признаваат дека животот на село има свои предности и мани.„Животот во рурална средина не е брз како во градот, а со самото тоа ја нема онаа градска динамичност . Oд друга страна пак животот на село не учи како да ги цениме плодовите на сопствениот труд, а тоа чувство е незамнливо. Искрено мислам дека големата концентрација на луѓе во градовите кои постојано некаде брзаат и имаат лошо расположение, шират лоша енергија и нервоза. На село тоа го нема. А за чистиот воздух и убавината на природата и да не зборувам“ додава Бориќ.


Влијанието на пандемијата врз начинот на живот во „Шумска фарма“
Кај нив нема апсолутно никакви промени бидејќи се наоѓаат во средина на шумата, а во најблиското село има само шест жители кои се случува понекогаш да не ги видат и со месеци. „ Кај нас е се нормално и постаро. Навечер кога ќе се спуштиме во градот сите се дома. Некој голем социјален контакт никогаш и немало. Да не се занимававме со оваа работа и да неморавме да бидеме информирани, бидејќи немаме телевизија и радио, веројатно немаше никогаш да знаеме што се случува. Ќе не збунеше единствено промената на работното време на продавниците“ вели Зорана, сопругата на Никола која всушност му е и партнер во работата.

По природа се оптимисти и сите случувања ги гледаат од позитивната страна. Никола на проблемите гледа само како на „моментално немање на решение“. „Најчесто решението само се појавува и тоа во вистинскиот момент, но морам да признам дека за оваа ситуација немам добро чувство. Како мозокот да ми ги блокира лошите мисли кои ми надоаѓаат после прашањата за она што не очекува после враќањето во нормалниот живот. Верувам дека многумина ги мачи економската криза која не очекува. Мислам дека најголемиот проблем ќе биде во недостатокот на храна и затоа сакаме во што е можно пократок период да едуцираме што е можно повеќе луѓе за да можат да бидат појаки и поконкурентни на пазарите.“зборува Никола и напоменува дека здравата конкуренција е позитивна бидејќи таа ја поттикнуваекономијата на раст.


Секако во целата оваа новонастаната ситуација имало и купувачи кои немале разбирање за проблемите. Во еден момент ситуацијата во кластерот им личела како на затворање дупки и на систем кој повеќе нема да функционира.
„Чувствувавме обврска да ги снабдуваме жителите на Загреб, кои после земјотресот се најдоа во незавидна ситуација, а исто така моравме да балансираме со енормното покачување на цените на проиводите, со транспортот и со проблемите околу дозволите за движење и останатата папирологија. Многу луѓе разбираат дека нашиот кластер е составен од мали производители кои имаат одраничени количини на производи кои често не се доволни за моменталната побарувачка и дека работиме само со свежи и сезонски намирници, а поради секојдевните промени во времето на движење робата некогаш не може да стигне на адресата во договореното време.

Но од друга страна има и поединци кои едноставно не разбираат или пак не сакаат да разберат. Верувам дека тие луѓе неможат да сватат дека нас ова ни стана повеќе од работа“ велат за крај Никола и Зорана.
Извор : Агроклуб