Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Секој што ќе купи државна нива или пасиште по ниска цена ќе мора да се занимава со земјоделие или сточарство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Секој што ќе купи државна нива или пасиште по ниска цена ќе мора да се занимава со земјоделие или сточарство
Агровести

Заев: Секој што ќе купи државна нива или пасиште по ниска цена ќе мора да се занимава со земјоделие или сточарство

Објавено 23/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Земјоделското земјиште во сопственост на државата ќе може да го купат физички и правни домашни лица. Може и правно лице со странски капитал, но за нас е важно земјиштето да остане земјоделско, да се започне земјоделска дејност. Понатаму, да се модернизира производството, а новите парцели да отворат нови работни места и да даваат производи конкурентни на пазарот. Катарски компании знаат за можноста за купување земјоделско земјиште и покажуваат интерес. Најголеми парцели имаме низ Пелагонија и низ Овче Поле, но има и во други региони. Сето тоа може да биде мотивација за инвестиции. Не може некој да дојде од страна и да ви земе се, затоа оваа активност ќе се однесува пред се за домашни фирми и наши граѓани.“- заклучи премиерот Зоран Заев, на телевизија Алсат, во емисијата „Економски магазин“, зборувајќи за идејата на Владата да продаде државно земјоделско земјиште во износ од 200 до 300 милиони евра, или до 20 отсто од вкупните површини, но само доколку новите сопственици инвестираат во земјоделски гранки, без можност за пренамена на земјиштето.

Премиерот не очекува дека некои моќници или финансиски силни луѓе ќе најдат начин како да ја изиграат државата за да придобијат од земјоделското земјиште.

„На крајот државата е сопственик на земјиштето, таа ги вградува клаузулите во договорите, ќе предвидиме раскинување на договор, можност да го вратиме назад во сопственост на државата. Не треба никој да се грижи дека државата ќе загуби нешто, ние секако ќе го заштитиме јавниот интерес. Во едни такви околности сето она што преставува европска пракса, европски прописи, се ќе вметнеме во договорите и условите. Државата секогаш има алатки како да го заштити јавниот интерес, односно некој што е моќник или финансиски силен нема да може да го изигра законот.“- категоричен е Заев.

Најави дека постои интерес кај турски компании за одгледување на јагниња и телиња кои пројавиле интерес и за купување на пасишта за да си го олеснат процесот на производство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:алсаталсатжзаевземја
Претходен напис Продолжува договорното производство на сончоглед со поддршка на МЗШВ, можност за договорно за соја и маслодајна репка
Следен напис Намалена видливост на патиштата поради магла
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?