Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Намалена видливост на патиштата поради магла
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Намалена видливост на патиштата поради магла
Агровести

Намалена видливост на патиштата поради магла

Објавено 24/12/2020
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 40 – 50м. на патниот правец Тетово – Скопје, до 100м. на патниот правец Куманово – Страцин, од 30 – 50м. на патните правци Битола – Прилеп и Кичево – Охрид, од 80 – 100м. на патниот правец Велес – Штип, до 100м. на патниот правец Неготино – Д.Капија и од 80 – 100м. на планинскиот превој Буково.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021. Г.П. Викторија Инвест известува дека на 30.10.2020 г., започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Овој изменет режим на сообраќај ќе трае до завршување на градежните работи. Г.П Илинден – Струга известува дека од 30.10.2020 г. на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с.Врбјани започна со изведување на градежни работи на пат(асфалтирање на риголи), каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Од 28.09.2020 г. ГД Гранит започна со изведба на рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км.

Рокот за завршување на објектот е 31.07.2021 година. Ќе се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите ќе се одвива по една сообраќајна лента, и ќе се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.

Од 21.09.2020 се изведуваат градежни активности при рехабилитација на државен пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови – Жировница, односно од Маврови Анови до с. Трница, за што се врши промена на режимот на сообраќај. Виадукт трејд од 16.09.2020 г. започна со изведување на грaдежни активности, санирање на свлечиште на Регионален пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост кај с. Скудриње, каде што едната сообраќајна лента е затворена, регулирањето на сообраќајот се одвива со светлосна сообраќајна сигнализација (семафори). Во период од 10:00 – 14:00 часот се врши комплетно затвoрање на сообраќајот. Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје започна рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот се пренасочува од мостот на р.Киселица кај клучка за с. Злетово, преку с. Ратавица до Пробиштип и обратно.

Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи. Заради извршување на санациско градежни работи од 28.07.2020 год, на патниот правец Неготино – Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 3,5 тона.

Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец. ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат.

Од 08.10.2020 г. е интензивирана работата на пат на оваа делница заради што апелираме за зголемена внимателност, прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација. Во текот на работното време регулирањето се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир). Виадукт трејд од 25.05.2020 г. започна со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16 км, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај,во времетраење од шест до девет месеци. Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид км.5+861 до км.9+835 има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започна на 20.03.2020 г. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената. Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш.

Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

МИА

Може да ви се допадне

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Таг:магланамалена видливостсообраќај
Претходен напис Заев: Секој што ќе купи државна нива или пасиште по ниска цена ќе мора да се занимава со земјоделие или сточарство
Следен напис Започнале со одгледување на капини, а сега светот доаѓа кај нив: Мајка, ќерка и золва го водат единствениот – ЕКО ХОСТЕЛ НА СЕЛО!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?