Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонија се вклучува во меѓународна акција за спас на египетскиот мршојадец
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонија се вклучува во меѓународна акција за спас на египетскиот мршојадец
Агровести

Македонија се вклучува во меѓународна акција за спас на египетскиот мршојадец

Објавено 05/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе биде дел од нов петгодишен меѓународен проект за заштита на египетскиот мршојадец, една од најзагрозените птици грабливки во Европа. Проектот „Безбедно враќање на египетскиот мршојадец“ (LIFE EV Safe Return), кофинансиран од Европската Унија, ќе опфати 15 партнерски институции и организации од Европа, Блискиот Исток и Африка.

Во Македонија се евидентирани околу 10 гнездечки парови од овој вид, познат и како кања, кои живеат во Демиркаписката Клисура, Тиквешијата, Мариово и долината на Брегалница. На Балканот вкупно има околу 50 гнездечки парови, а нивниот опстанок е загрозен од труење, криволов и струјни удари при контакт со небезбедни далноводи.

Египетскиот мршојадец секоја есен мигрира од Балканот кон Африка, поминувајќи повеќе од 5.000 километри. Токму долж овие преселни патишта ќе се спроведуваат активности за намалување на ризиците и обезбедување побезбедни услови за опстанок на видот.

Како партнер во проектот, Македонското еколошко друштво ќе ја следи бројноста на популацијата во земјава, ќе работи на идентификување и отстранување на заканите и ќе ја зајакнува соработката со локалното население. Посебен акцент ќе биде ставен и на зачувувањето на традиционалните сточарски практики, кои се важни за опстанокот на оваа птица.

- Реклама -
Ad image

– Овој проект е следниот чекор во долгорочната програма за зачувување на видот. Програмата, која ќе трае до 2031 година, ќе се темели на ефективни мерки за зачувување, ќе го прошири нивниот географски опсег и ќе воведе иновативни пристапи. Како партнерска организација во проектот, МЕД ќе ја следи бројноста на кањите во Македонија, ќе работи на идентификација и елиминирање на директните закани, ќе ги зацврстува врските со локалното население и ќе го вклучува во напорите за заштита. Исто така, ќе придонесе кон зачувување на традиционалните сточарски практики од кои зависи овој вид и ќе ги гради капацитетите за спроведување идни мерки со цел зајакнување на овдешната популација – вели Методија Велевски, орнитолог и програмски директор на МЕД.

Проектните активности ќе опфатат спречување на труењето на дивите животни, намалување на ризикот од струјни удари, борба против криволовот и обезбедување безбедни извори на храна. Во Бугарија и Грција се планира и пуштање во дивината на најмалку 40 египетски мршојадци одгледани во европски зоолошки градини или спасени од природата, кои ќе бидат следени со ГПС-предаватели.

Проектот предвидува и едукативни активности во пет земји, со кои ќе бидат опфатени повеќе од 4.000 ученици, наставници и млади природозаштитници. Во активностите ќе бидат вклучени и сточари, ловци, ветеринари, чувари и локални власти.

Проектот го координира Бугарското друштво за заштита на птиците, а покрај МЕД, во него учествуваат организации од повеќе европски и африкански земји. Активностите ќе ги надградат досегашните напори за зачувување на египетскиот мршојадец и за заштита на неговите живеалишта и преселни патишта. 

Фото: Македонско еколошко друштво 

Може да ви се допадне

Во Боговиње, 251 картичка за зелена нафта за земјоделците, во вредност од над 2 милиони денари
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради прилагодување на банките за новите стандарди во платниот промет
Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
Без струја повеќе улици во Скопје
Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“
Таг:египетскиот мршојадецМакедонијамеѓународна акцијаспас
Претходен напис Подигнете нов ОВОШЕН и ЛОЗОВ насад, изградете ФАРМА или набавете земјоделска МЕХАНИЗАЦИЈА со 60% грант преку ИПАРД
Следен напис Неделава стабилно, од понеделник услови за слаб дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?