Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, објавени утрово.
Од јавното претпријатие соопштија дека го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 до 24 јули зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје – информираа од јавното претпријатие.
Согласно добиените резултати од испитувањата, како што се истакнува во соопштението, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
