Оваа свежа и кремаста салата од цвекло е вистинско освежување на трпезата. Одличен избор е како прилог кон месо, риба или како лесен оброк во топлите денови.
Состојки:
- 1 кг цвекло
- 1 главица кромид
- 100 г мајонез
- 400 г кисела павлака
- 2 мали лажички сенф
- сол по вкус
- мелен црн бибер по вкус
Подготовка:
Цвеклото добро измијте го и сварете го. Оставете го да се излади, излупете го и исечете го на коцки. Кромидот ситно исечкајте го и внимателно измешајте го со цвеклото. Во посебен сад подгответе го преливот така што ќе ги соедините мајонезот, киселата павлака и сенфот. Додадете сол и бибер по вкус и измешајте до добивање мазна смеса.
Преливот нежно соединете го со салатата од цвекло и кромид. Префрлете ја салатата во чинија за сервирање и декорирајте ја со свеж магдонос, варени јајца или листови зелена салата. Пред сервирање, добро разладете ја во фрижидер за вкусовите убаво да се соединат. За поинтензивен вкус, салатата оставете ја да отстои најмалку еден час во фрижидер пред послужување.
МИА
