Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грозјето без семки поставува нови стандарди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Грозјето без семки поставува нови стандарди
Растително производство

Грозјето без семки поставува нови стандарди

Објавено 23/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Потрошувачите сѐ повеќе ја ценат практичноста, затоа грозјето без семки поставува нови стандарди и многу ги привлекува. Каков му е потенцијалот во Европа?

„Со 110 хектари рано грозје, од кои скоро сите сорти се без семки ние сме први европски производители кои се појавуваат на светскиот пазар“, изјавил за Freshplazа, Анџело Брунези од сицилијанското стопанство „Casa Grazia“, кое се наоѓа во градот Ѓели. Ова стопанство веќе десет години се занимава со истражување на сортите без семки.

Брунези вели дека се одлучиле да се базираат на купувачите кои бараат ексклузивен производ, како што се оние во катарска Доха, Абу Даби и Дубаи како и во Скандинавија, но и во некои европски држави. Извезуваат во Канада и во сите земји во кои постои побарувачка за вакви сорти.

„Раното созревање на овие плодови е последица на посебната микроклима на подрачјето на одгледување“, напоменува и вели дека се близу до морето и до езерото Бивиере, кое е богато со биолошка разновидност.

Од Сицилија, поточно од градот Макароне доаѓа уште еден производител на вакво овошје. Станува збор за компанијата „II Castelo“, која на 10 хектари одгледува органско грозје без семки. Освен тоа, нивните производи носат и заштитена ознака за географско потекло.

За да воведе новини и конкретни резултати, Симоне Раниоло се фокусирал на органско одгледување и сорти без семки, а за Freshplazа вели дека оваа комбинација се покажала многу задоволувачка. Нивни целни пазари се Швајцарија, Германија, Франција и Италија.

Дали е ГМО?

Повеќето мислат дека таквото овошје е резултат на генетска модификација или научна „магија“, но Gardening know how појаснува дека ова грозје всушност настанало како резултат на природна мутација.

Откривајќи го тоа, лозарите почнале да го размножуваат вегетативно, со садење на резници.

Што се однесува до пазарот, грозјето се вбројува во најпопуларното овошје на подрачјето на Европа. Затоа има добар потенцијал, а посебно се барани токму сортите без семки.

После бананите, грозјето без семки има најголема увозна вредност во Европа и тоа 1,4 милијарди евра. Годишно неговиот увоз се зголемува за три до четири отсто, а цените осцилираат во текот на годината. Иако нашиот континент е најголем глобален производител на грозје, производните трошоци растат, а одгледувањето станува се помалку исплатливо. Токму тоа отвара можност за странските производители.

Главни европски производители за трпезно грозје се Италија, Шпанија и Грција, со тоа дека Италија е главен снабдувач во Европа со производство од околу милион тони годишно. Иако Франција е голем производител со 5,5 милиони тони, поголемиот дел е наменет за производство на вино.

Германија: На пазарот 80 отсто од грозјето е без семки

Сортите без семка станаа подоминантни во текот на последните години и се очекува понатамошен раст на нивниот удел на пазарот, предвидува Центарот за промоција на увозот од земјите во развој (CBI). Обединетото Кралство беше на чело на побарувачката, но сега ваквите сорти се преферираат во повеќето земји во Северна Европа.

Пазарите на Јужна и Источна Европа имаат традиционална потрошувачка, вклучително и локални сорти. Вкусот и цената често влијаат на купувањето, но и таму веројатно ќе следува тренд без семки во следните години.

Лозарите во Шпанија, а сѐ повеќе во Италија и Грција, започнаа транзиција кон ова производство за да ја задоволат растечката побарувачка. Исто така, во регионите како Перу, Чиле и Јужна Африка, многу одгледувачи преминуваат на овие сорти. Грозјето со семки нема да исчезне од пазарот, но неговата побарувачка ќе зависи од цената и разликата во вкусот.

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:грозје без семки
Претходен напис Знаете ли кој е најскап град на светот за странски работници во 2021 година?
Следен напис За четири години трипати повеќе млади земјоделци во Србија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?