Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За четири години трипати повеќе млади земјоделци во Србија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За четири години трипати повеќе млади земјоделци во Србија
Агровести

За четири години трипати повеќе млади земјоделци во Србија

Објавено 23/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Не е необично младите да заминуваат во големите градови во потрага по вработување и „подобар живот“. Меѓутоа во последните неколку години во Србија сѐ повеќе се зголемува бројот на оние кои одлучуваат да останат на село и да се занимаваат со земјоделство. Значајна улога во тоа имала и државата која ги препознала овие производители и им обезбедила повеќе субвенции.

Дури 70 отсто од земјоделците во Србија се постари од 55 години, а меѓу нив оние кои имаат повеќе од 65 години го прават мнозинството. Младите со години ги напуштаа селата, па не е чудно што во нив има скоро 200.000 празни куќи.

Откако државата го препозна младиот земјоделец како носител на стопанството, лошата статистика се чини, почна да се менува. Во последните четири години бројот на млади кои се определиле за земјоделско производство се зголемил за три пати. Најмногу носители на стопанства до 40 години, има во Шумадија и Западна Србија. Велат дека во земјоделството ја гледаат својата иднина.

„Ја гледам во тоа бидејќи е важно да ја работите работата што ја сакате и мислам дека од тоа може убаво да се живее. Моментално имаме помеѓу 600 и 700 кошници и планираме проширување“, вели Јован Арсић од Течиќ кај Рековац.

Урош Томић од Мајура кај Јагодина напоменува дека иднината во земјоделството ја гледа исклучиво во полјоделството.

„Најголем проблем се субвенциите кои доцнат. Тука имаме голем проблем со нив. Друг проблем се временските неприлики“.

Дека интересот на младите да се занимаваат со земјодлество се зголемува, покажува и бројот на поднесени барања за субвенции кои им се наменети. Главно инвестираат во механизација и приклучни машини, а помалку во стока.

„Што се однесува до младите земјоделци, правилникот стана актуелен во 2017 година кога беа околу 700 барања. Веќе во 2018 беа 1.200, а во 2019 добивме 5.500 барања на млади земјоделци за разни инвестиции“, вели Биљана Петровиќ, директорка на Управата за аграрни плаќања.

Според нејзините зборови, она што малдите ги поттикнува да поднесуваат вакви барања е тоа што ги добиваат парите однапред.

„75 отсто од инвестициите добиваат однапред и дури потоа ни ја правдаат својата инвестиција. Ние исплативме околу 2.950 млади земјоделци по овој правилник. Очекуваме уште 50 од нив да ни достават некои дополнувања на документацијата која им е побарана“, вели Петровиќ.

Во зависност од регионот, младите се одлучуваат со кое производство ќе се занимаваат: полјодлество, сточарство, овоштарство, пчеларство, производство на цвеќе или риби.

„Имаме природа, со господ дадени услови да се занимаваме со земјоделство. Имаме искуство, традиција. Каде што е семејството нормално, со вклучување на целото семејство, една кохезија помеѓу членовите од најстари до најмлади“, вели Младен Миниќ од Секуриќ, претседател на Здружението на млади земјоделци на Србија.

Субвенциите се сега, вели, можеби наменети со некои благи олеснувања за малдите, но целото семејство мора да се вклучи и само заедница и слога можат да водат кон напредок на земјоделското стопанство.

Во 570.000 селски домаќинства во Србија живеат повеќе од еден милион луѓе, а дури две третини земјоделски стопанства имаат еден или два члена. Освен директната поддршка за занимавање со земјоделство на младите за останување во селото им е потребно да се обезбедат и дополнителни услови – патишта, канализациска мрежа, телекомуникации, здравствени и образовни услуги, културни содржини, како и сигурност за пласман на стоката, што новиот Закон за регулирање на пазарот на земјоделски производи би требало да ги реши.

Извор: rts.rs

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:млаи земјоделцисрбијафарма
Претходен напис Грозјето без семки поставува нови стандарди
Следен напис 9 совети како брзо да се разладите на екстремните жештини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?