Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Знаете ли кој е најскап град на светот за странски работници во 2021 година?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Знаете ли кој е најскап град на светот за странски работници во 2021 година?
Магазин

Знаете ли кој е најскап град на светот за странски работници во 2021 година?

Објавено 23/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Престолнината на Туркменистан, Ашабад, е најскап град на светот за странските работници, покажало овогодишното истражување на трошоците за живот на американската компанија „Мерсер“ за управување со имот.

Во Мерсеровиот годишен извештај рангирани се 209 градови на светот врз основа на споредба на трошоците за живот, кои вклучуваат издатоци за стан, превоз, храна и забава, при што како споредбена основа е земен Њујорк, известува CNN.

Ашабад, кој бил втор на минатогодишната листа, некако се изделува од групата 10 најскапи градови за странските работници, во кој се наоѓаат главно светски деловни и финансиски центри како Хонг Конг, кој лани бил најскап, а оваа година втор, потоа Токио (на четврто место оваа година), Цирих (петти) и Сингапур (седми), наведува американска ТВ станица.

Како што се објаснува во извештајот на Мерсер, актуелната финансиска криза во Туркменистан, која довела до недостаток на храна и хиперинфлација, влијаела на скокот на трошоците за живот во Ашабад во последните неколку години.

Како најголемо изненадување во однос на минатогодишното истражување, од Мерсер истакнуваат дека Бејрут, кој од 45 позиција за најскап град за странски работници во 2020 година, скокнал на трето место оваа година.

Причините за таквите движења, според толкувањата од извештајот, се сведуваат на економската депресија на Либан, која ја влошила пандемијата на ковид-19 и фаталната експлозија во пристаништето Бејрут во август минатата година.

Европските градови оваа година исто така се рангирани како релативно поскапи од американските, со оглед на растот на еврото во однос на доларот од скоро 11 проценти, што резултираше со тоа Њујорк да излезе од Мерсеровите 10 водечки, додека Париз се искачи од минатогодишното 50 место на 33 место оваа година.

Слично е и со австралиските метрополи, како Сиднеј и Мелбурн, кои се искачија на ранг-листата поради апрецијацијата на австралискиот долар.

Што се однесува до најевтини градови за работниците од странство, на крајот на Мерсеровата ранг листа се наоѓаат Тбилиси, главниот град на Грузија (207 место), Лусака, Замбија (208) и престолнината на Киргистан, Бишкек (209), наведува CNN.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:ашабадтуркменистан
Претходен напис Силно невреме удри по црешите и пиперките, земјоделците неосигурени
Следен напис Грозјето без семки поставува нови стандарди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?