Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во овие стресни времиња, земјоделството е најдобриот „психијатар“!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Во овие стресни времиња, земјоделството е најдобриот „психијатар“!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Во овие стресни времиња, земјоделството е најдобриот „психијатар“!

Објавено 24/11/2020
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

“Постојат многу фактори кои влијаат на успехот и квалитетот, а со тоа и на задоволството на клиентот. Ние сакаме да бидеме што е можно подобри во тој дел нудејќи ги само најдобрите производи“, вели семејството Ојданиќ, од малото место Клјаке, кое се наоѓа во Далматинска загора во Хрватска. Ова семејство во текот на пролетните  и летните месеци пробаа да одгледуваат зелена салата, грашок, домати, моркови, пиперки, кромид, зелка, цвекло, па продолжиле со брокула, карфиол, рукола, копар, спанаќ и блитва .

Бидејќи сеуште се почетници, тие постојано истражуваат, учат и ја бараат вистинската формула за успех. Се обидуваат да научат што е можно повеќе за плодоредот, оплодувањето, наводнувањето и за сè друго од што се состои ова производство.

Купувачите сакаат јапонски јаболка, а махунарките се најпрофитабилни

Од овошје, велат тие, имале цреши, сливи, смокви, калинки, дуњи, јаболка,  каки – јапонско јаболко, што на нивно изненадување, се покажало како многу популарно кај потрошувачите. „Би сакал да ги посочам махунарките како најисплатлива култура. Процесот на подигање е прилично тежок и бавен и бара многу раце за работа за да може на време  да се собере и да се пласира на пазарот. Фала му на Бога за фантастичното семејство, роднините и пријателите кои секогаш се подготвени да ми помогнат кога ќе стане густо “, вели Марко Ојданиќ

Наскоро планираат да започнат со преработка на овошјето и заленчукот и со тоа  да ја прошират својата понуда со разни сосови, сокови и џемови. Со помош на роднините и пријателите, тие ги тестираат своите производи за да можат на пазарот да излезат со примамливи вкусови. Во моментов работат на преуредување на кујната и добивање на сите дозволи за започнување со производство на преработени прехрамбени производи во согласност со сите прописи и услови што треба да се исполнат.

Баба Манда, неисцрпен извор на знаење и искуство

Во семејното земјоделско стопанство Ојданиќ работат три генерации под раководство на Марко Ојданиќ како носител на семејното стопанство „Вкупно обработуваме околу 2 хектари обработливо земјиште. Почнавме да бидеме поактивни во земјоделството во март оваа година, што се совпадна со пандемијата од коронавирусот. Баба Манда, како најискусна во семејството, ни ги пренесува  своите искуства и знаења што ги стекнала работејќи во земјоделството речиси целиот свој живот“ велат помладите членови на семејството.

„Останатите членови на семејството, родителите Марко и Мира, братот Тони, сопругата Антонија и јас, сме вклучени во сите аспекти на бизнисот и заедно се справуваме со секојдневните предизвици“, вели Стипе Ојданиќ, син на сопственикот на фармата и додава дека иако се редовно вработени, тие го поминуваат секој слободен момент на обработливата земја и овоштарниците, сè со цел нивното овошје и нивниот зеленчук да бидат што е можно поквалитетни.

Размислувале и за туризам, но земјоделството ги освои

До сега,  со земјоделство се занимавале рекреативно, колку за свои потреби, додека вишокот го давале  на роднините и пријателите. Во текот на 2019 година, видоа можност за аплицирање на јавниот повик на ЕУ фондовите, за мерка 6.  Ја разгледале можноста за уредување на куќа за рурален туризам. Бидејќи дотогаш биле мала семејна фарма, ова семејство почнало да размислуваа како да се прошират.

Во тоа време започна приказната со корона вирусот и неславната блокада, па семејството Ојданиќ реши самите да произведуваат расад. „Почнавме експериментално со домати, пиперки, тиквички, подоцна зелена салата и зелка. Среќата навистина ги придружува храбрите и неискусните затоа што успеавме во нашиот план. Одгледавме над 1.500 корења расад, што за некои можеби е малку, но за нас почетниците беше огромен успех “, со  задоволство зборуваат за постигнатото.

Тоа беше дополнителен ветер во грбот и потврда дека со напор и упорност, сè може да се направи. Охрабрени од постигнатото, тие тргнаа да се едуцираат и да се поврзат подобро со луѓето. Првичната идеја за развој на руралниот туризам полека паѓал во втор план, додека производството на свежо овошје и зеленчук, како и преработката, имаат предност. „Ова е насоката во која планираме да се развиваме“, откриваат тие, но додаваат дека можеби наредно ќе биде рурална куќа за одмор и ќе дојде како резултат на успешното работење на семејната фарма.

Рецепт за успех: квалитет, достапност и прилагодливост

„ Ако погледнеме наназад кон сето она што го постигнавме во овие 7 месеци, можеме да кажеме дека сме многу задоволни и горди, а земјоделството полека ни влезе под кожата “, воодушевено признаваат и посочуваат дека имаат многу планови за во иднина. Во блиска иднина, тие сакаат да се посветат на еко-сертификација на производите. Планот им е да креираат сопствена веб-продавница и дополнително да ја модернизираат и подобрат семејната фарма .

Тие веруваат дека земјоделството е профитабилно од повеќе аспекти. „Кога само ќе се сетиме, колку прекрасни луѓе сме запознале во последните неколку месеци, тоа е нешто што со пари не може да се купи. Клиентите препознаваат и бараат квалитет и понекогаш се подготвени да платат и повеќе ако производите им ги доставите до нивната адреса “, велат тие. Убедени дека квалитетот, достапноста и прилагодливоста се вистинскиот рецепт за успех. Бројни нови клиенти веќе ги контактираат врз основа на препораките. Испорачуваат   до домашна адреса во областа Сплит, Солин, Кастела, Трогир и Омиќ.

Лек за душата и телото 

Работата им оди добро, па се јавува потреба да набават возило за испорака, стаклена градина, да се изгради магацин или ладилник, но и погон за преработка. За сите овие ставки потребни се значителни финансиски средства, но со понатамошна работа и развој, тие веруваат дека ќе го надминат и овој предизвик. Можно е во иднина да се обидат да аплицираат на некој од повиците за ЕУ фондовите со цел да обезбедат дополнителни извори на финансирање и велат дека треба да се биде храбар и да се направи најтешкиот – прв чекор.

Нагласуваат дека, благодарение на работата на семејната фарма, семејството станало уште повеќе поврзано. Покрај тоа, тие живеат здраво и се хранат здраво, а исто така се среќни затоа што создаваат нешто ново и имаат можност да го споделат со другите. Додаваат уште дека нема да згрешат ако речат дека земјоделството е најдобар психијатар во овие стресни времиња, бидејќи го зближува семејството, дава  вистинско задоволство и благотворно влијае врз целокупната здравствена состојба на човекот.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата почна, Министерството за земјоделство молчи за цената на пченицата
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Таг:ЗемјоделствоОјданиќпсихијатар
Претходен напис Еден процент од фармите обработуваат 70 проценти од светското земјоделско земјиште
Следен напис (Видео)Рецепт за домашна салама – ароматична и оригинална
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?