Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Еден процент од фармите обработуваат 70 проценти од светското земјоделско земјиште
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Еден процент од фармите обработуваат 70 проценти од светското земјоделско земјиште
Агровести

Еден процент од фармите обработуваат 70 проценти од светското земјоделско земјиште

Последна измена: 24/11/2020 16:35
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

– Еден процент од земјоделските стопанства во светот обработуваат 70 проценти од полињата, фармите и овоштарниците, покажува извештај што го потенцира влијанието на нееднаквоста во однос на земјиштето врз климатските и природните кризи, пишува „Гардијан”.

Од 80-тите години на минатиот век, истражувачите откриле дека контролата на земјиштето станала многу поконцентрирана, директно преку сопственост и индиректно преку договорно земјоделство, што доведува до поразурнувачки монокултури и помалку внимателно поддржувани мали фарми.

Земајќи ја за првпат зголемената вредност на имотот и растот на населението без земја, извештајот проценува дека нееднаквоста во однос на земјиштето е за 41 процент поголема отколку што се сметаше порано.

Авторите велат дека овој тренд е предизвикан од краткорочни финансиски инструменти кои сè повеќе ја обликуваат глобалната животна средина и здравјето на луѓето.

– Во минатото, овие инструменти влијаеа само на пазарите. Тие не влијаеја на нас индивидуално. Но, сега тие го допираат секој аспект од нашите животи, бидејќи се поврзани со еколошката криза и пандемијата, рече Ворд Ансеју, виш технички специјалист во Меѓународната коалиција за Земјата која ја иницираше студијата заедно со група партнери, вклучувајќи ги Оксфам и Светската лабораторија за нееднаквост.

Студијата, објавена денеска, се заснова на 17 нови научни статии, како и анализа на постојните податоци и литература.

Во неа се вели дека претходните пресметки на нееднаквоста во однос на земјиштето се засновале единствено на сопственоста и големината на одделните фарми. Врз основа на тоа, нееднаквоста во однос на земјиштето се намалувала сè до 80-тите години на минатиот век, по што се зголемила.

Овој тренд е поизразен во новата методологија, која зема предвид дополнителни фактори, како што се повеќекратната сопственост, квалитетот и вредноста на земјиштето и бројот на луѓе кои не поседуваат земјиште.

Немањето земјиште е најниско во Кина и Виетнам, а највисоко во Латинска Америка, каде што најсиромашните 50 проценти од луѓето поседуваат само еден процент од земјиштето. 

МИА

Може да ви се допадне

На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
(ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството
Поскапуваат бензините и дизелот
Николовски: Изготвен нов Царински закон
Таг:земјоделско земјиштеОбработливи површинифарми
Претходен напис Денеска АФПЗРР исплати 152 милиони денари субвенции за млеко
Следен напис Во овие стресни времиња, земјоделството е најдобриот „психијатар“!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?