Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Виолета Прцуловска: Ова е женска фарма, под женско раководство и менаџирање, oвде сме главни жените, а мажите ни работат и за тоа се чесно платени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Виолета Прцуловска: Ова е женска фарма, под женско раководство и менаџирање, oвде сме главни жените, а мажите ни работат и за тоа се чесно платени
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Виолета Прцуловска: Ова е женска фарма, под женско раководство и менаџирање, oвде сме главни жените, а мажите ни работат и за тоа се чесно платени

Објавено 28/09/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преспански јаболкобер – традиционална манифестација со која официјално започнува бербата на јаболката.

За мене убав поминат ден кој ќе се обидам да ви го раскажам, онака по „женска линија“ 🙂

Домаќинот, Општина Ресен и градоначалникот Живко Гошаревски се потрудиле и оваа година да го одбележат стартот на јаболкоберот по сите протоколи, адети и традиционални активности. Насмеан и расположен, со поддршка од неговата сопруга, беше на висина на задачата.

Па така, откако пристигнаа сите гости, започна официјален дел, во присуство на највисокиот државен врв, премиерот Заев, министерот Хоџа, директори, градоначалници, бизнисмени…со пригодни говори, обраќања и честитки за успешен старт.

После повикот на непосредниот премиер – „Доста зборување, ајде да сработиме“, се соблече палтото и се земаа торбите за берба на годинешниот род.

Јаболката симболично собрани, разговорите со овоштарите мотивирачки, насмеан министер за земјоделство, „како да е дома“ расположени гости, убаво сончево време и доминантна зелена боја околу нас.

Функционерите заминаа, ги чекаше работа во Влада, а ние од плантажите на Агроплод се упативме пред домот на култура „Драги Тозија“ каде што на едно место се презентираа прехрамбени производи и услуги од најреномираните преспански и регионални компании.

Познаници, пријателки, колешки, земјоделци …со сите нив по некој убав збор, поздрав и договор за соработка и време дојде да одиме на фармата Spirit of Prespa.

Ја имав гледано само на фотографии, и знаев за каква рурална приказна се работи преку разговорите со Ана Лабор и репортажите од ова прекрасно место.

Но не може ниту една фотографија да ја долови сликата од ова место, создадено од љубов, сила и амбиција на три жени, двете сестри и нивната мајка, Виолета Прцуловска.

Не пречекаа со пита од јаболка, по 2 часа не испратија со ликер од вишна.

А тие два часа, време кај нив беше доживување, дружење и мотивациски говор со секоја изговорена реченица на домаќинката Виолета Прцуловска.

– Ова е женска фарма, под женско раководство и менаџирање. Овде сме главни жените, а мажите ни работат и за тоа се чесно платени – изјави сопственичката што не натера сите да се насмееме, жените искрено, мажите , „кисело“ како јаболко „муцо“, но ги ставија торбите на рамо и се фатија за работа 🙂

Приказната е рурална, се работи за рурален туризам, за традиционални специјалитети, сокови од дренки, за ѓомлезе, пита со јаболка и домашни ликери. Но приказната меѓу редови е силата на една жена која со своите две ќерки има план за животот и се движи по зацртаната патека, да се одржи фармата, насадите со јаболка и бизнисот.

Прцуловска раскажуваше дека главниот „виновник“ да го претворат нивниот дом во место за други посетители била нејзината ќерка Ана. Идејата ја прифатиле и другата ќерка Елена која исто така е вклучена во семејниот бизнис.

„ Ана, при еднo патување во странство, дојде полна со идеи и раскажа дека ги однеле на фарма, каде била изненадена како еден обичен селски атар привлекувал многу туристи. На гостите им нуделе се што произведувале: приготвена вкусна храна и локални специјалитети. Тогаш препознала дека тоа може да го прави и во нејзината фарма. Да ја отворат фармата за посетители и да брендираат домашно приготвени производи“, раскажува Прцуловска.

Идејата да се привлечат гости, да се заработува од рурален туризам, да се инвестира во овој сектор се потврдило како успешен проект. Фармата Spirit of Prespa е надалеку позната, не само кај домашните гости туку и странски кои се враќаат секоја година по нови доживувања.

Потребни се дополнителни инвестиции, модернизирање на насадите со јаболка, производството и приносот да се зголемат. Во тоа секако помагаат и мерките на Владата и на МЗШВ, за што од прва рака објасни директорот на Платежната агенција , Никица Бачовски кој информираше дека наскоро ќе излезе повикот за субвенционирање на бунари, нешто што Виолета веќе имала во план.

Женската фарма на Виолета, Ана и Елена има и наследници, вратите на нивната успешна рурална приказна е отворена и за најмладите, кои учат како е да се сака природата и селото. Веќе денеска во нивниот двор ќе трча група деца за кои Виолета има и специјална програма и мени, омилените крофни.

Женската фарма на Виолета, Ана и Елена е успешна приказна која може да биде школски пример за упорност, сила и решителност. Се разбира дека тоа се особини на една личност и не зависи од полот, но ете сакам да потенцирам, дека оваа мајка и нејзините ќерки имаат нешто плус по женска линија, па нека биде и само пркос и желба да се продолжи и да се докаже. Тоа ми звучи доволно ЖЕНСКИ 🙂

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:виолетаживконикицапрцуловска
Претходен напис Стопанска комора: Последиците од ковид кризата мора да се надополнат со забразн раст
Следен напис Бабовски: Не е „во мода“ да имате миленик, туку да имате здравствено-заштитен, вакциниран миленик
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?