Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

(ВИДЕО) Органско производство: Како да одгледувате аронија


Аронијата е овошје со бобичеста форма кое најмногу наликува на плод од боровинка и затоа ја нарекуваат сибирска боровинка. Таа е растение кое расте во облик на грмушка. Нејзиниот плод се јаде, има многу лековито дејство и може да се бере и по два месеци откако ќе созрее. За аронијата не е потребно прскање бидејќи не може да заболи од болести или вошки. Аронијата е култура која не е многу пребирлива на климатските и почвените услови. Таа е адаптибилна и на сува и на влажна клима, но подобри резултати дава во реони со поумерена влажност во почвата и воздухот. Во текот на зимата надземниот дел издржува температури пониски од -30 до -35°C. Во наши услови ретко се случуваат вакви температурни екцесии, па поради тоа, гледано од овој аспект, оваа култура е потполно безбедна од измрзнување во текот на зимата. За оптимален развој на џбунчињата во текот на вегетацијата, потребно е температурната сума да биде над 10°C и од 120 до 150 дена период без појава на мразеви.

За успешно одгледување на оваа култура и постигнување оптимални и квалитетни приноси, количеството врнежи во текот на топлиот период од годината (во наши услови јуни-септември) треба да изнесува над 200 до 300 мм, во спротивно потребно е да се обезбедат услови за наводнување. Во однос на почвата, не е голем пребирач, успева на песокливи, но и на глинести почви. Не се погодни забарени почви и мочуришта. Подземните води не треба да бидат поплитки од 1,5 до 2 м.

За да се олесни одгледувањето на аронијата Подлогата за калемење треба да биде стара најмалку три години, бидејќи се калеми на висини од околу 100 до 120 см. Поради бавниот раст на калемите, кои се доста скапи, најчесто се одгледува на својот корен, како џбун, и тој може да се обликува со резидба, за да не се дозволи голем раст на стеблата, за да се осигури нормална фотосинтеза на сите листови и да се осигури добар принос. Стеблата стари 5-7 години се отсекуваат, некои на висина од 50 до 70 см, други блиску до земјата, за да се предизвика нов раст на стеблата, млади изданоци кои имаат повисока родност. Засадите стари преку 25 години може да се покосат блиску до површината и на тој начин да се изврши подмладување на насадот. Поединечниот џбун за околу десет години раст може да развие и преку 30 изданоци коишто ќе бидат во род. На овој начин аронијата обезбедува неверојатно јак коренов систем, бидејќи билката ги добива водата и храната само преку тенките жили, додека дебелите жили служат за прицврстување и транспорт на хранливите материи. Аронијата е добра билка за раззеленување на песокливи почви, пепелници, санирани депонии, а успева и на земјишта на кои растат врби, трска. Во тој случај имаме перманентно наводнување.

Производство на садници – Аронијата може да се размножува на три начини. Првиот начин е генеративен, од семето. Вториот начин на размножување е делење на изданоци од матичното стебло во претворање на садници. Третиот начин на размножување е вегетативно, од меристемот, ин витро, од ткивото.

Садење – Се сади во есен, преку зимата и рано напролет, со услов земјата да не е замрзната и вегетацијата да не е започната. Најчесто се садат едногодишни и двогодишни билки. Најдобра густина на садење е 3 х 1,5 м, при што ќе се посадат 2.222 билки по хектар. Секоја билка вака добива 4,5 м2 вегетациски простор. Се сади на длабочина на која садницата била во расадникот (длабочина 20, пречник 30 см). Садницата внимателно се нагрлува со ситна и влажна земја и се нагазува околу неа за да се добие добар контакт на коренот и земјата, а да се истисне воздухот. Доколку земјата при садење е сува, треба да се наводни за да се спречи процесот на дехидрација, бидејќи сувата земја ќе ја извлече водата од коренот и ќе се исуши растението пред да започне да расте.

Ѓубрење – Подготовката на парцелата се состои од основна обработка, орање на длабочина од 30 см и тањирање. При садење на парцелите треба да се изврши ѓубрење со НПК 15:15:15 минерални ѓубрива, 500-600 кг/ха. Ѓубривото се меша со земјата да не дојде до директен контакт со жилите на кореновиот систем. На ваков начин се спречува евентуалното токсично дејство од јаката концентрација на минералните соли и сушењето на билките во стартот. Во текот на вегетацијата треба да се ѓубри со НПК 8:16:24 или со слични ѓубрива околу 500 кг/ха годишно. Приносот и квалитетот на плодовите најмногу зависи од ѓубрењето и наводнувањето, со редовно уништување на плевелите. Околу билките треба да се растури слој на слама, минимум половина метар во пречник, за да се спречи појава на плевели околу самите билки и тоа секоја пролет. Притоа старата постилка се распаѓа и станува органско ѓубриво чиишто состојки водата ги внесува во кореновиот систем.

Берба – Првата берба е во третата година од животот, доколку се користат садници стари една година. Добро развиените билки даваат род и во втората година. Тогаш се формира просечно по два грозда на билка, со околу 35-40 плодови, или околу 50-100 грама принос. Во првата година по садењето на двогодишните садници може да се добијат 100-200 кг плод од ха. Во следната сезона, џбунот дава по 7-8 гроздови, 200-300 грама по билка или 440-660 кг по ха. Поединечните плодови имаат маса од 0,6-1,1 грам, така што во 1 кг има од 1.000-1.600 плодови. Во десеттата година приносот од аронијата е околу 5-10 кг по џбун, или 11-22 т/ха. Дрвото достигнува висина од 1,5-2,5 м, што е лесно за собирање на плодовите. Зреењето настапува кон крајот на јули, а бербата е следниот месец и пол, до крајот на септември. Околу 30% плод може да остане до пролет на билката. Како суви се добри за чај, компот. Се користи за производство на сок, џем, мармалад. Во април, кога ќе се појават цветовите, аронијата е добра пчелна паша.

Окт 22, 2019agrotim1
(ВИДЕО) Предлог агробизнис: Производство на буковкаЧување на органски домат (Lykopersikon eskulentum)

Напишете коментар Откажи одговор

22/10/2019 Органско производствоаронија, грмушка, клима, органско, предлог бизнис982

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019