Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

(ВИДЕО) Предлог агробизнис: Производство на буковка


Благотворното дејство на буковката први го откриле Кинезите, каде денес најчесто се користи сушена или во прав, а Европејците почнале да ја употребуваат кон крајот на минатиот век. Најновите истражувања покажале дека освен што е јадлива, буковката посебно благотворно делува на човековиот организам. Буковката е габа која расте на дрвјата и од дрвјата извлекува многу здрави и хранливи материи кои и се потребни за раст и развој, а тие супстанци поволно влијаат и на човековиот организам.

Општи информации

Благотворното дејство на буковката  први го откриле Кинезите, каде денес најчесто се користи сушена или во прав, а Европјаните почнале да ја употребуваат кон крајот на минатиот век. Најновите истражувања покажале дека освен тоа што е јадлива, буковката посебно благотворно делува на човековиот организам.

Буковката го активира имунитетот на нашето тело и така го штити од многу вируси, инфекции и болести. Така во некои земји станала незаменлива во превентивната заштита на човековото здравје.

Во својот состав буковката има низа витамини:B, D, C, K, протеини, минерали – јод, селен, натриум, калиум, цинк, фосфор, железо. Покрај тоа содржи и хлорофил кој ја забрзува регенерацијата на клетките, а има и растителни влакна кои ги врзуваат и исфрлуваат од организмот штетните материи.

Буковката  влијае на намалување на холестеролот и шеќерот во крвта. Помага кај проблеми со зглобови, егземи, алергии, астма, оштетен црн дроб…..

Покрај тоа содржи и глуканполисахарид кој е важен во потиснување и запирање на растот на туморскитe клетки. За да има лековит ефект потребно е да се користи секојдневно.
Буковката ја нарекуваат ЕЛИКСИР НА ВЕЧНИОТ ЖИВОТ И ЗДРАВЈЕ. Во сите тестирања изминатите години не се откриени никакви негативни влијанија на човековиот организам.

bukovka2

Технологија и потребни средства  

Оваа габа може да се произведува на слама од житарки, кочани пченка, струготини, како и стебла на листопадните дрвја. Најдобро е да се одгледува на супстрат од исецкана чиста пченична слама, или со додаток на 10% ливадско сено или нарежени кочани пченка. Сламата се сецка на 4 – 5 см, се стерилизира со прелевање на врела вода, добро се покрива и се остава 24 часа да се олади. Припремена и оладена сламата пред да се внесе во пластични вреќи треба да се измеша со мицелиум. Потребно е 3 – 4 литра мицелиум на 100 кг влажен припремен супстрат. Може во вреќите да се става слама во слоеви (20 – 25 см) и да се додава  мицелиум по децилитар. При полнење на вреќите сламата добро се набива, вреќата се врзува на врвот и потоа се носи на инкубација. Врзаниот дел на вреќата се поставува доле, а дното горе. Вреќата се дупчи поради продирање на воздух и испарување на непотребната вода. Мицелиумот добро ќе порасне во темнина, на температура од 20 – 25 ‘C и при влажност на воздухот 80 – 90%.

Прораснувањето на мицелиумот трае 15 – 20 дена. Потоа вреќите се пренесуваат во просторија со дневна светлина, се сечат (освен долниот дел) и се ставаат во редови оддалечени околу 40 см. За раст на плодоносните тела буковката бара осветлување, но не директно изложување на сонце.

bukovka4

Во зависност од сојот, буковката може да расте на температура од 5 – 15’C или 18 – 28’C. Во текот на производството се одржува умерена влажност со површинско влажнење на супстратот (но не и на габата). Ако нема доволно осветлување, дополнително се осветлува со ултравиолетови светилки ( 12 часа осветлување и 12 часа мрак).

Буковката треба да се бере додека е млада и мека. Плодот расте во бранови во период од 10 – 14 дена. Најмногу плод има во првиот и вториот бран. Вкупниот принос е околу 20% од тежината на супстратот.

Оваа габа може да се произведува и на трупци од топола, бреза, јова и костен, но и на трупци на листопадни дрвја – бука и даб.

извор: агроалтернатива.инфо

Окт 22, 2019agrotim1
Сите сити на фармата на Ана Лабор во Преспа(ВИДЕО) Органско производство: Како да одгледувате аронија

Напишете коментар Откажи одговор

22/10/2019 Предлог бизнисбуковка, заработка, печурки, предлог бизнис, субвенции2,407

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019

Sorry, you're not able to browse this website.

Because you are using an outdated version of MS Internet Explorer.
For a better experience using websites, please upgrade to a modern web browser.

Google Chrome Mozilla Firefox Microsoft Internet Explorer Apple Safari