Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Од затвореник во логор до милионер: Најголемата фарма со чисти норвешки грла се наоѓа во Босна и Херцеговина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (ВИДЕО) Од затвореник во логор до милионер: Најголемата фарма со чисти норвешки грла се наоѓа во Босна и Херцеговина
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(ВИДЕО) Од затвореник во логор до милионер: Најголемата фарма со чисти норвешки грла се наоѓа во Босна и Херцеговина

Објавено 04/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

До денес повеќе од 20 милиони конвертибилни марки (повеќе од 10 милиони евра) вложил Јусуф Алифагиќ во родното Трнопоље. Јусуф бил сместен во логорите Трнопоље и Омарска, а по војната во БиХ живеел неколку години во Норвешка. Во Норвешка стекнал капитал и основал компании, но сепак одлучил да се врати во Приједор. По враќањето во родниот Козарац, во непосредна близина на некогашниот логор, изградил една од најголемите фарми за крави. Последнава деценија гради и се труди да ги прошири капацитетите за најсовремената фарма за крави во Босна и Херцеговина и пошироко.

Норвешките црвени говеда се генетски најотпорни и економски најисплатливи во светот, а како што вели Алифагиќ, „Ова е најголемата фарма на светот каде што во едно место имаме чисти норвешки грла“.

Во склопот на неговата фарма се наоѓаат метеоролошка станица, ветеринарна амбуланта, софтвери за следење на сите параметри во шталите. Алифагиќ планира следната година да направи едно големо родилиште од 3000 квадратни метри и уште една фарма за крави, како и голема фарма за одгледување свињи.

Желба му е преку својот проект да им даде шанса на младите луѓе да опстанат, да работат и да останат во земјата.

„Ако постои подрачје во кое најбрзо и наједноставно може да се вработат луѓето, тоа е земјоделството.“, вели Јусуф.

Во видеото погледнете како Јусуф успеал да ги донесе овие норвешки говеда во Босна и Херцеговина, како го организирал транспортот, како ги извадил потребните дозволи…

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:црвени говеда
Претходен напис Планот за есенската сеидба во Виница целосно исполнет
Следен напис (Видео) Семињата од минатото, надеж за иднината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?