Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Кравите на Марија дневно даваат по 500 литри млеко, таа го преработува во сирење, кое е сѐ побарано
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (Видео) Кравите на Марија дневно даваат по 500 литри млеко, таа го преработува во сирење, кое е сѐ побарано
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(Видео) Кравите на Марија дневно даваат по 500 литри млеко, таа го преработува во сирење, кое е сѐ побарано

Објавено 13/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Марија Рибичиќ од Грабарје, Хрватска, уште во 2015 година ја освои титулата за најпримерна хрватска селска жена, а шест години по прогласувањето сè уште ги држи сите конци на семејната фарма.

„Се занимаваме со полјоделство, сточарство и производство на сирење. Тоа го работиме околу 20 години“, изјави таа за Земјоделската телевизија.

Имаат околу 70 говеда, од кои 25 се молзни крави. На дневна основа нивните крави даваат околу 500 литри млеко, а процесот на молзење им го олеснува млеководот. Во најголем дел, ова семејство преработува сирење во нивната мини фабрика за сирење.

„Имаме сирење со семки како сусам, лен и тиква. Потоа со власец, лута мелена пиперка и правиме чадено и свежо“, ја претстави таа палетата на производи.

No photo description available.
Фото/Facebook

Домашни се и додатоците во сирењата што ги прави Марија, купени на селски имоти, а некои од нив, како власецот, ги одгледува и самата. Марија открила и колку млеко е потребно за да се направи едно сирење, но и како изгледа процесот.

„За едно тврдо сирење кое тежи околу еден килограм, потребни се седум до осум литри млеко. Внатре влегува само сол, сириште или оцет, а додатоци нема“, вели таа и додава дека целиот производствен процес трае пет до шест дена.

Нејзе омилено сирење ѝ е тоа со семки, а вели дека многу млади го купуваат затоа што е необично.

Ова семејство своите производи ги продава првенствено на куќниот праг и на саеми.

Показател за нејзиниот успех се многубројните клиенти кои секогаш со задоволство се враќаат по нејзините производи.

Важно за фармерите: Правилник за продажба од куќен праг на млеко и производи од млеко, еве кои услови треба да ги исполните

Може да ви се допадне

Бомбици од сирење
Канелони со сирење и спанаќ
Рецепт: Запечени макарони со сирење
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
Таг:марија рибичиќсирење
Претходен напис Од полноќ нови, повисоки цени на горивата
Следен напис Шапуриќ: Досега се откупени 910.000 кг тутун со просечна цена од 180 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?