Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Увезена „работна сила“ од Холандија: Бумбари како помош при одгледувањето на зеленчук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Увезена „работна сила“ од Холандија: Бумбари како помош при одгледувањето на зеленчук
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРастително производство

Увезена „работна сила“ од Холандија: Бумбари како помош при одгледувањето на зеленчук

Објавено 04/06/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бумбарите најчесто се користат за дополнително опрашување на шери доматите, а за помош од овие корисни инсекти, се одлучија членовите на семејството Јапариќ од Пожега.

Технологијата на дополнително опрашување на земјоделските култури во затворен простор со помош на бумбари е позната околу 20- тина години и денес се користи како редовна мерка која ја спроведуваат голем број производители.

„Увезовме работна сила од Холандија. Бумбарите помагаат оплодувањето на домтите да се направи многу порано што е од голема помош во градинарството. Бумбарот го гризе цветот кој не е до крај отворен и многу порано доаѓа до оплодување отколку кога би се чекало цветот комплетно да се отвори. Тие се најкорисни во раното производство“, појаснува Томица Јапариќ. 

За помал пластеник доволни се 50- тина бумбари

За разлика од осите или пчелите, на бумбарите за опрашување не им сметаат условите во стаклениците и пластениците бидејќи поднесуваат температура до 30 °C. „Пчелите на пример мора да чекаат цветот комплетно да се отвори и погледнете колкав е тој толчник, додека таа него го оплоди му треба многу повеќе време. Бумбарот е многу посилен, тој тоа го загризува и многу пред тоа доаѓа до оплодување. Тука е неговата најголема предност“, вели Томица.  

Открива и дека цената на една помала кошница со бумбари во Хрватска се движи помеѓу 500 до 700 куни.

„Се зависи од производителот и добавувачот. За еден помал пластеник долволна е помала кошница од 50  бумбари. Проблемот е во тоа што морате да ги научите да останат во палстеникот и да не одат понатаму. Оваа година се појави мал проблем бидејќи имаше многу глуварче па леташе насекаде, но глуварчето сега веќе прецвета. Бумбарите, сега не можете да ги видете да летаат бидејќи моментално се разладуваат во кошницата. Работат во утринските часови или навечер, кога ќе падне температурата, имаат и тие свои потреби“, заклучува Томица.

Со голем труд, со знаењето што го имаат производителите и со помош на овие опрашувачи кои доаѓаат од Холандија, уверени сме дека плодовите во пластеникот ќе бидат побројни, поздрави и повкусни.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Холандија, Велика Британија и Франција погодени од топлотен бран
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:Бумбарипомош при оплодувањетоХоландија
Претходен напис Украина сака да ги спречи сезонските работници да ја напуштат земјата
Следен напис Славчо Попоски: ВЕТЕР СО БРЗИНА ОД 100 КМ/ЧАС, ОБИЛНИ ВРНЕЖИ И МОЖНИ ПОПЛАВИ – СИЛЕН ЦИКЛОН ГО ЗАФАЌА РЕГИОНОТ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?