Околу два милиони Украинци кои работат како сезонски работници во земји од Европската унија, соочени се со строги правила за напуштање на земјата, што би можело негативно да се одрази на земјоделските производители во другите држави кои се потпираат на нивната работа.
Во средината на март, украинската влада ги повика сезонските работници да се вратат во земјата пред да се затворат границите. По олабавувањто на мерките, поради строгите правила за напуштање на земјата, голем број од нив немаа можност да се вратат на работните места.
Ова е дел од широката политика на владата на Володомир Зеленски, кој на 21 април 2019 година е избран за претседател на Украина.
Украинскиот премиер Денис Шмихал, на крајот на април најави дека ќе стори се за да ги задржи луѓето во Украина. „И во Украина има доволно работа “, изјави тој. Меѓутоа, мора да се напомене дека платите во Украина за сезонските работници се десет пати помали отколку во државите на ЕУ каде што работеле овие работници пред пандемијата од корона вирусот.
Извор: agrobiz.hr
