Почитувани земјоделци и агробизнисмени, Ве покануваме утре (четврток, 25. 11) во Валандово, во Домот на културата, на трибина за Договорно производство на конвенционална и органска зелка и органска пиперка ајварка.
Поканети се сите членки на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) и сериозни земјоделски производители, кои сакаат да се вклучат во проектот „Договорно производство“.
На трибината ќе присуствуваат и претставници на владини институции, директорот на Државниот земјоделски инспекторат, раководителот на подрачната единица на МЗШВ, како и претставник од Општина Валандово.
На трибината ќе се разговара и за можноста да се произведат и други земјоделски култури, кои како суровина им се потребни на преработувачите, а досега се увезуваа. На тој начин ќе се зголеми и домашното земјоделско производство.
Договорното производство е единственото добро решение за земјоделците и преработувачите, а секако и за Владата, бидејќи ќе се намали трговскиот дефицит, а земјоделците ќе имаат решен пласман.
Проектот „Договорно производство“ е иницијатива на платформата Агротим, заедно со советници за органско производство, земјоделски производители и откупувачи.
Проектот Договорно производство на органска пиперка ајварка e на иницијатива на Агротим, а во соработка со преработувачки капацитети, советници за органско производство и земјоделски производители од неколку региони.
Ленче Николовска
Директорка на Агротим
071 225 35