Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ракијадата во Валандово по 26. пат ги собра мајсторите за правење домашна ракија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ракијадата во Валандово по 26. пат ги собра мајсторите за правење домашна ракија
Агровести

Ракијадата во Валандово по 26. пат ги собра мајсторите за правење домашна ракија

Објавено 07/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дваесет учесници и годинава се претставија на традиционалната “Валандовска ракијада” која по 26. пат се одржува на Градскиот базен во Валандово. Со домашно валандовско грозје одлежано дваесеттина дена, според постапката за варење, учесниците го почнаа процесот на создавање на познатата домашна ракија.

Наградени со прво место за најдобра ракија оваа година беа Лазар Димов и Трајче Зајков, второто место го понесоа Дени Делев и Крсте Арабаџиев, а третото место им припадна на Гуна Маркова и Катица Тунгелова. 

Тие велат дека традицијата на варење домашна ракија се пренесува од генерација на генерација, така и самите ја научиле.

Дел од учесниците на оваа манифестација и годинава беа претставниците од средното општинско училиште @Гоце Делчев”, од земјоделско – ветеринарната насока.

- Реклама -
Ad image

Режење, врзување, прскање и полевање се првите подготвителни фази додека да се добие готовиот производ односно грозјето, кое е потребната суровина од која се прави ракијата, вели Ѓорѓи Зафиров, учесник на годинaшната Ракијада.

– Грозјето што го ставаме во вреќи треба да одлежи 21 ден, за да узрее или преврие. Прво го вадиме виното, а потоа ракијата, па на крајот ја правиме мастиката. Во еден казан можеме да свариме сто литри. Грозјето е мелено со машина, а не рачно. Ракијата што ја правиме денес е од сортата на грозје вранец. Од првата година сум на Ракијадата, значи веќе 26 години, а постапката ја научив од мојот татко, мојот син пак научи од мене – вели валандовчанецот Ѓорѓи Зафиров и додава дека начинот за правење на ракија е насекаде ист.  

Манифестацијата „Валандовска ракијада” се одржува како традиционален настан под покровителство на Општина Валандово.  

МИА

Може да ви се допадне

Од 21 ноември Скопје станува европска точка на средба на дизајнот, занаетчиството и новите креативни идеи
Тутунарите и компаниите се подготвуваат за откупот на тутунот, дел најавуваат дека ќе почнат со вонредниот откуп од 17 ноември
Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
Повик до увозниците и дистрибутерите на заштитни средства и до МЗШВ за заедничка едукативна кампања на Агротим!
ДИЗ НАЛОЖИ УНИШТУВАЊЕ НА 19,3 тони небезбедни јаболка поради зголемено ниво на пестициди
Таг:ВаландовомајсторитеракијаРакијадата
Претходен напис Од 21 ноември Скопје станува европска точка на средба на дизајнот, занаетчиството и новите креативни идеи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?