Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Работен состанок на директорот на АХВ Бабовски со Џерек Бас, нов политичко – економски советник на Амбасадата на САД во земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Работен состанок на директорот на АХВ Бабовски со Џерек Бас, нов политичко – економски советник на Амбасадата на САД во земјава
Агровести

Работен состанок на директорот на АХВ Бабовски со Џерек Бас, нов политичко – економски советник на Амбасадата на САД во земјава

Објавено 24/11/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денеска оствари работен состанок со Џерек Бас, новиот политичко – економски советник во Амбасадата на Соединетите Американски држави во Република Северна Македонија, на кој, како што информираат, биле презентирани приоритетите и активностите на Агенцијата и полињата за унапредување и насочување на идната меѓународна соработка.

На состанокот, се вели во соопштението, Бас ја потенцирал можноста за вклучување на АХВ во тековните и новите проекти кои се реализираат од страна на Амбасадата на САД во нашата земја, преку помош во организирање на обуки, работилници, семинари и слично. Како што рече тој, акцент во соработката ќе се стави на темите кои се од делокругот на работење на АХВ, но и на новите технологии, кои се директно поврзани со светскиот предизвик за справување со климатските промени.

Бабовски, исто така, изразил благодарност за понудената можност и потенцирал дека АХВ располага со стручен и компетентен кадар кој со учество во проектите, покрај тоа што ќе има можност да ги унапреди своите знаења од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, ќе може адекватно да даде придонес и во реализацијата на проектите.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бабовски николчесостанокЏерек Бас
Претходен напис Утре во 16 часот во Домот на културата во Валандово, ќе се одржи трибина „Договорно производство“, во организација на АГРОТИМ
Следен напис Амбасадата на Словенија ќе биде стратешки партнер во заштитата на Дојранското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?