Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Улогата на невенот во органската градина


Невен или (Calendula officinalis L.) претставува многу вкусно и лековито растение. Неговите суви цветови уште од  дамнешни времиња се користеле за правење на лекови.  

Невенот  е едногодишно цветно растение. Се сее и се засадува во пролет. Често се  случува кога есента е долга и топа, растенијата  кои  штотуку  изникнале да ја минат зимата без оштетување и во рана пролет продолжуваат да растат. Коренот на невенот  е вретенест и расте длабоко во почвата. Од него  израснуваат,  кревки, лиснати стебленца високи 50-80 сантиметри. Гранките се разгрануваат во горната половина и имаат светло зелени издолжени лисја. Цветовите се со дијаметар од 5-10 сантиметри и се формираат  на врвот на секое стебло. Карактеристично е што има  засечен надворешен раб свиткан како срп со карактеристична светло до темно жолта боја.

Интересно е тоа што семето на невенот може да `рти  и после 5 до 6 години и никнува многу бргу за само 5-6 дена откако ќе биде посеано. Невенот расте многу брзо, така што првите цветови можат да се забележат за 40 дена после никнувањето. Овие силно портокалови цветови во органската градина можат да цветаат се до појавата на силни мразеви. Растението се подмладува со редовно берење на цветовите.

Невенот е отпорно растение, не е остеливо на суша но сепак сака топла клима. Младите растенија не се осетливи на пролетните мразеви, па поради тоа може да се сее уште во февруар. Се сее така што растојанието меѓу редовите да биде 50 сантиметри , на дадочина од 3-4 сантиметри.

Значењето на невенот во органската градина

Невенот е многу важно растение за органската градина, а своето место го наоѓа  и во професионаното органско производство. Најчесто се сее помеѓу редовите на градинарските и украсните растенија поради заштита од разни штеточини и инсекти.

Од листот, цветот и плодот на ова растение се прават голем број заштитни средства .

Како се берат цветовите на невенот?

Доколку сакате да ги сочувате овие прекрасни цветови за правење на чај или на  некои лековити препарати, треба да ги берете рачно и тоа најдобро два пати неделно. Собраните цветови треба веднаш да се стават да се сушат, а потоа сувите цветови се ставаат во најлон кеси и се чуваат  во сува просторија.

Ферментираниот екстрат од невен се користи како ефикасно средство против штеточини и нематоди.

За припрема на ова средство,потребни се 1-2 килограми цветови од  невен да се прелиат со 10 литри вода и се остава да ферментира. По завршувањето на процесот, течноста се процедува и се разредува со вода  во однос 1:10. Со  овој раствор се прска почвата помеѓу редовите со зеленчук.

Извор: Органска градина

Јан 28, 2020agrotim2
Заштита на јаболчестите и коскестите овошни видови во текот на зимскиот и рано пролетниот периодКако Холанѓаните ја користат архитектурата за да го хранат светот

Напишете коментар Откажи одговор

28/01/2020 Органско производствоЗаштитни средства од невен, Невен, Невенот во органската градина219

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019