Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заштита на јаболчестите и коскестите овошни видови во текот на зимскиот и рано пролетниот период
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Заштита на јаболчестите и коскестите овошни видови во текот на зимскиот и рано пролетниот период
Совети

Заштита на јаболчестите и коскестите овошни видови во текот на зимскиот и рано пролетниот период

Објавено 28/01/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зимскиот период т.е. периодот на мирување на овошните видови се користи за резидба и заштита од болести и штетници.

Заштитата се изведува со примена на хемиски и мехaнички мерки. Механичките мерки особено се погодни за помалите овоштарници и тие опфаќаат: чистење на стеблото од гнездо со гасеници, остранување на заразените и нападнатите растителни делови, собирање и спалување на растителните остатоци. Со овие мерки се одстрануваат жариштата од болести и штетници кои претставуваат сериозен инфективен потенцијал за примарни зарази. Во хемиските мерки за заштита се применуваат фунгициди и инсектициди за сузбивање на болестите и штетниците. Голем број на болести и штетници презимуваат под кората, во пукнатините од стеблото и гранките, па со зимското третирање се сузбиваат нивните презимувачки форми. Ова мерка се врши кога времето е суво, топло и температурата на воздухот во моментот на третирање е над 5 0C, во текот на периодот на мирување или на почеток од вегетација со будење на пупките.

Јаболко и Круша

Заеднички штетници за овие два овошни видови се: лисните вошки, штитестите вошки, црвениот овошен пајак и други. Лисните вошки презимуваат во стадиум на јајце, кое на ластарите изгледа како црна точка. Штитестите вошки презимуваат под своите штитови кои имаат сивкаста боја и се наоѓаат на стеблото, скелетните гранки или на пукнатините од кората. Јаболковата крвава вошка повеќе е штетник кај јаболкото одколку кај крушата. На гранките и младите родни гранки таа предизвикува рак рани, поради кои истите се сушат. Во најголем дел презимува во добро заштитени и недостапни делови од самата овошка. Црвениот овошен пајак презимува во облик на зимски јајца кои обично се наоѓаат околу самите пупки или во пределот на разгранување на младите гранчина. Зимското третирање дава одлични резултати во сузбивањето на презимувачките форми на овие штетници. Причинителот на чадлива дамкавост на листовите краставост на плодовите од јаболка и круши е еден од економски најзначајните патогени во земјоделското производство не само кај нас туку и на глобално ниво. Овој патоген презимува на заразените паднати листови под стеблото, кои претставуваат огромен инфективен потенцијал за примарни зарази, рано на пролет т.е. на почеток од вегетацијата. Поради овие причини задолжително е веднаш по извршената резидба на овошките или на почеток на отворање на пупките примена на бакарни фунгициди.

Праска, Нектарина, Цреша, Вишна и Слива

Кај овие коскести овошни видови исто како кај јаболкото и крушата се јавуваат : лисните вошки, штитестите вошки и двоточкастото пајаче. Од болестите економски најзначајни се причинителот на кадравост на листовите кај праската и нектарината и монилиозните заболувања на цветовите и плодовите.

Со цел намалување на инфективниот потенцијал на голем број економски значајни болести и штетници кај јаболчестите и коскестите овошни видови се препорачува примена на Бело масло (Агросал Биопротект) во доза од 10 – 15 L/ha во комбинација со бакарен фунгицид во облик на бакар хидроксид (Funguran OH 50 WP; Copernico Hi Bio во доза од 3 kg/ha). Доколку во насадот има голема инфестација особено од штитести вошки се препорачува во комбинација со горе наведените средтсва, да се додаде и добро познатиот инсектицид Reldan 22 EC во доза од 3 L/ha или Harpun (инсектицид регулатор на порастот на инсектите) во доза од 1 L/ha. Доколку не постои можност еден од овие два инсектициди може да се примени и на почеток на отворање на пупките.

Изработил:

м-р Петковски Ефтим

(Докторант на Факултет за Земјоделски науки и храна – Скопје)

Хемомак Пестициди ДООЕЛ Велес

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:болестијаболкокрушасоветхемомакштетници
Претходен напис Козја сурутка – течност која го штити организмот од болести
Следен напис Улогата на невенот во органската градина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?