Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

УХМР со предупредување за појава на мраз во петок


АГРОМЕТЕОРОЛОШКА СОСОТОЈБА ВО РЕПУБЛИКАТА ВО ПОЧЕТОКОТ НА АПРИЛ 2020 ГОДИНА СО АГРОМЕТЕОРОЛОШКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПОЈАВАТА НА МРАЗ НА 03.04.2020 г.

Снежниот бран кој го зафати регионот па и Републиката, донесе невообичаено врнежи од снег кои формираа снежна покривка со различна дебелина во различни делови од Републиката, при што во Битолскиот дел од Пелагонија истата изнесуваше и до 50 см, што е многу ретко во овој период од годината со толкави количества.

Овој бран дојде во момент кога ги затекна овошките во еден лош период од нивниот развој, истите се во понапредни фено-фази, забележани скоро кај сите видови коскести овошки каде завршено е оплодувањето и има зачеток на плод, а тоа е фаза кога и нивната издржливост е најмала, при што и минимални температури од -1 до -1,5 оС можат да предизвикаат оштетувања преку делумно или поголемо намалување на родот.

Најавените прогнози за петок 03.04.2020 година каде поради разведрувањето во текот на денешниот ден се очекуваат температури кои во поголем дел од мерните места се негативни со вредности и до -6 оС во Берово, но повеќе загрижува најавата за појава на мраз во Скопската котлина до -4 оС или во Пелагонија од -4 или -5 во Прилеп, додека во останатите региони како Штип и К.Паланка со -3 оС каде исто така е отпочната вегетацијата и е завршено цветањето и оплодувањето, штетите се неизбежни.

Најмала е веројатноста овие температури да се спуштат под критичното ниво долж Повардарието, или доколку се спуштат истите би биле многу блиску до нулата или негативни најмногу до -1 оС, а тоа е регионот каде и овошките се во најнапредни фази на развој.

Битно е во овие услови да се напомене дека не е само минималната температура фактор за причинување на штети од измрзнувања, битна е експозицијата на теренот, типот на почвата, нејзината вододржливот, влагата во почвата, влагата во воздухот и можеби најбитно е времетраењето на таквите температури. Ваквите температури како што спомнавме и на почетокот најмногу ќе ги осетат коскестите видови, особено кајсијата која во суштина е и нај осетлива и кај нејзе и температури блиску до 0 оС односно -0,6 оС може да предизвика штети. Јаболчестите видови вообичаено цветаат покасно истите во зависност од видот и сортата, но и од регионот каде се одгледуваат, се наоѓаат во фази на почеток на цветање или цветање, а тоа се фази кога издржуваат околу -2 оС или нешто пониски температури околу -3 оС.

Мерките на заштита кои се и најефтини е тоа се оние со зачадувањето кои можат да допринесат за подигање на температурата за 1-2 оС може да се применат, можеби нема да го решат целосно проблемот но секако дека ќе го ублажат, особено препорачуваме примена кај коскестите видови кај кои имаме заметнато плод, но сепак останува и препораката да се палат само органски одпадоци, никако гуми или пластика со што дополнително би направиле штета на животната средина.

Есенските посеви се едни од културите кои немаат никакви проблеми со ваквите временски услови, затоа што тие вообичаено такви услови имаат во текот на зимата.

Пластеничкото производство и градинарското производство во оранжерии како контролирани услови на одгледување трпат помали штети, кај нив најмногу се манифестира со разладувањето и падот на дневните температури, особено кај расадопроизводството кое најмалку трпи вакви температурни промени.

Проблеми може да има и кај расадопроизводството кај тутунот, култура која е многу осетлива на ниски температури, но и тука засега производството е во покриени леи каде сепак температурата не е идентична со онаа во околината.

Топењето на снежната покривка на пониските места треба да се случи до викендот, така да за време на викендот новиот влажен бран би бил со врнежи од дожд кои заедно со овие од снегот битно ќе допринесат за подобрување на хидролошката состојба кај акумулациите, кај кои веќе се гледа и првото покачување на нивото.

Во текот на наредната седмица се очекува стабилизирање на времето, со постепен пораст на дневните температури, кои ќе се движат до 18 оС, што е особено важно да не дојде до температурни шокови кај културите, а тоа ќе значи и постепено стабилизирање и на целокупното земјоделско производство. Со самата стабилизација на временската состојба ќе се забележат и евентуалните настанати штети од измрзнувањата кај овошките. Нашите проценки се дека ќе има штети особено кај кајсијата од раните сорти, но истите нема да бидат со целосно уништување на родот, можеби на некои места ќе има и само проредчување на родот, но сепак и оваа година да се надеваме дека ќе имаме плодови од сите видови овошки.

АНГЕЛКО АНГЕЛЕСКИ, Советник за агрометеорологија при УХМР

Апр 2, 2020agrotim1
МЗШВ: Вкупната финансиска поддршка за женско јагне е зголемена на 2.500 денБугарската министерка за земјоделство повикувa: Продавниците да се снабдуваат со производи од локалните земјоделци

Напишете коментар Откажи одговор

02/04/2020 Агровест746

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019