Министерката за земјоделство на Бугарија Десислава Танева ги повика сопствениците на продавниците кои продаваат производи на мало да направат дополнителни напори и да организираат снабдување на нивните продавници на производи од локалните земјоделци.
„Поради вонредната состојба предизвикана од пандемија на корона вирус, извозот сега е тежок и ова е најголемиот проблем за нас во земјоделскиот сектор“, изјави министерката за Нова Телевизија.
Таа конкретно испрати апел до малопродажните ланци за трговија со храна, да контактираат со локалните земјоделци. Веќе се одржани неколку состаноци на оваа тема. Сите се свесни дека живееме во услови на здравствена криза и пандемија и во моментот национален приорет се заштитата на здравјето на луѓето и егзистенцијата на земјата.
Нејзиниот став е дека ова прашање треба да се реши со вонредни законски мерки. Важно е прво да се продаде домашното производство.
На агендата сега е и темата на домашните градинарски култури како што се домати, краставици и пиперките кои добиваат финансиска поддршка. Министерството во моментот ги анализира капацитетите на погоните за преработка на производите на раноградинарските култури.
Дефинитивно можеме да се храниме. Операторите треба да ги направат овие дополнителни напори за да можат регионалните производители да влезат во продавници. Грижата за населенитео денес ни е основен предуслов, да се биде здрав и да се има егзистенција, сумираше Танева.
Извор : Агри.бг
