Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На работилница LANDNET во Будимпешта претставени новите докази за придобивките од консолидацијата на земјиштето во Егри
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > На работилница LANDNET во Будимпешта претставени новите докази за придобивките од консолидацијата на земјиштето во Егри
Агровест

На работилница LANDNET во Будимпешта претставени новите докази за придобивките од консолидацијата на земјиштето во Егри

Објавено 10/09/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), од 8 до 10 септември, ја одржа 17. меѓународна работилница LANDNET заедно со Вториот меѓурегионален дијалог за семејно земјоделство. Настанот обедини околу 140 учесници од повеќе од 45 земји, вклучително и од Северна Македонија, и уште околу 100 онлајн учесници, со цел размена на практични решенија за поправеден пристап до земјиштето и поефикасно управување со него.

Како што информира Канцеларјата на ФАО во Скопје, дискусиите се фокусирале на расцепканоста и напуштањето на земјоделското земјиште, генерациската обнова, пристапот на жените и младите до земјиште, земјишните реформи, повеќенаменската консолидација и земјишното банкарство како инструменти за поотпорни семејни земјоделски стопанства.

– Искуството на Северна Македонија покажува дека консолидацијата дава најголеми резултати кога преуредувањето на парцелите се поврзува со обновата на земјоделската инфраструктура, активното учество на земјоделците и силната институционална рамка. Новата анализа од спроведената консолидација во село Егри ни овозможува овие резултати да ги поткрепиме со конкретни докази и да ги преточиме во практични насоки за идните консолидациони проекти во земјата и пошироко во регионот – изјавил Мортен Хартвигсен, експерт за земјишни прашања во Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија.

Северна Македонија придонесе во повеќе тематски сесии, со активно учество на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Националната федерација на фармери и Канцеларијата на ФАО во Северна Македонија. Беа претставени националните искуства со повеќенаменската консолидација и нејзиниот придонес кон подобра структура на земјоделските стопанства, модернизација на земјоделската инфраструктура, поефикасно управување со природните ресурси и поголема климатска отпорност.

Кристина Митиќ Арсова, национален координатор на програмата и проект менаџер во Канцеларијата на ФАО во Скопје, ги претставила клучните аспекти за развој на целосно функционална законска рамка за консолидација, како и националното искуство во поврзувањето на законодавството, институционалната координација, учеството на сопствениците на земјиште и спроведувањето на консолидацијата на терен.

Посебно внимание привлекла презентацијата на првата сеопфатна социо-економска анализа на првата целосно завршена постапка за консолидација во село Егри (општина Битола).

Анализата за Егри која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја спроведе со поддршка на ФАО, и во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, комбинира анкети со земјоделци, контролни села, интервјуа, фокус-групи и ГИС-поддржана еколошка анализа. Во Егри беа консолидирани 336 хектари земјоделско земјиште во сопственост на 214 сопственици. Бројот на парцели се намали од 874 на 260, а нивната просечна големина се зголеми од 0,38 на 1,30 хектари. Просечниот број парцели по активно земјоделско стопанство се намали од 11,1 на 2,4, додека просечно обработуваната површина се зголеми од 8,15 на 9,56 хектари. Просечното растојание од домаќинствата до парцелите се намали од 8 на 2 километри, со што транспортното време, потрошувачката на гориво и емисиите се намалија за околу 75 проценти. Просечниот принос на пченица се зголеми од 3,7 на 4,95 тони по хектар, а на пченка од 7,1 на 9,09 тони. Користењето на ИПАРД и националната поддршка за рурален развој порасна од 12 на 50 проценти, а пријавените инвестиции од околу 320 000 на 974 000 евра. Земјоделците пријавиле подобар пристап до парцелите, пониски оперативни трошоци, поголема подготвеност за инвестиции и помалку спорови. Сателитската анализа утврди локализирани подобрувања во здравјето на вегетацијата и влажноста на почвата, додека еколошкиот квалитет останал главно стабилен и не бил утврден сигнал за негативно влијание врз биодиверзитетот. Наодите потврдуваат дека консолидацијата има најголем ефект кога преуредувањето на земјиштето, инфраструктурата, учеството на локалната заедница и поддршката по завршувањето на проектот се третираат како една целина.

– Искуството од Егри може да го поддржи планирањето и проширувањето на идните иницијативи во Северна Македонија и во други земји со слични предизвици  – велат од Канцеларијата на ФАО во Скопје. 

 LANDNET е заедница на практичари и техничка мрежа, поддржана од ФАО, која обединува повеќе од 300 експерти од над 40 земји од владите, академската заедница, граѓанското општество и приватниот сектор. Настанот е организиран со поддршка на Регионалната техничка платформа на ФАО за семејно земјоделство и Регионалната техничка платформа за зелено земјоделство, а кофинансиран од Владата на Бразил и проектот LIFE IP Natureman на Европската Унија во Данска.

Канцеларија на ФАО во Скопје

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски и шведскиот амбасадор Солстром разговараа за унапредување на соработката во земјоделството
Министерот Серафимовски: Постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка
Нивото на Дунав во Бугарија продолжува да опаѓа, водостојот на критично ниско ниво
„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
Таг:LANDNETБудимпештаЕгриземјиштетоконсолидацијатапридобивките
Претходен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 10.09.2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?