Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Вкупната финансиска поддршка за женско јагне е зголемена на 2.500 ден
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > МЗШВ: Вкупната финансиска поддршка за женско јагне е зголемена на 2.500 ден
Сточарско производство

МЗШВ: Вкупната финансиска поддршка за женско јагне е зголемена на 2.500 ден

Последна измена: 02/04/2020 14:23
Сподели
1 мин. за читање
Сподели

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои Уредбата за изменување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година. Со измените на оваа Уредба, се зголемува финансиската поддршка за сточарите одгледувачи на овци, за задржано женско јагне. Износот на поддршката за задржано женско јагне од 700 денари се зголемува на 1500 денари по грло. Вкалкулирано со основната мерка од 1.000 денари за обележани грла овци, со сегашното зголемување за подмерката за задржано женско јагне од 1.500 по денари по грло, одгледувачите на овци ќе добијат вкупна финансиска поддршка во висина од 2.500 денари за женско јагне

Владата ја донесе ваквата одлука поради новонастанатата состојба и проблемите со откуп на јагне, поради здравствено-економската криза предизвикана од глобалната пандемија од коронавирусот.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во следниот период ќе ја следи состојбата со откупот и извозот на јагне. МЗШВ е во постојaна комуникација со одгледувачите на овци и со откупувачите, и освен традиционалните пазари како Италија, Хрватска, Грција, се бараат и други алтернативни пазари за извоз на јагнето.

Може да ви се допадне

Трипуновски од Прилеп: Дефектот на водоводната цевка ќе биде саниран во најбрз можен рок
Кривична пријава за измама: Земјоделци и превозници од Пелагонија оштетени за над 140.000 евра
Трипуновски: Условот за предавање на јагниња во кланичните центри се намалува од 50% на 30%
Aberdeen-angus, раса на говеда со црна боја
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Таг:јагнињаоткуппроблем
Претходен напис Зашто лимонот во саксија не созрева на време?
Следен напис УХМР со предупредување за појава на мраз во петок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?