Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Тутунскиот комбинат Прилеп со добивка прв пат по 20 години


Согласно последните доставени финансиски информации до Македонската берза заклучно со месец септември 2019 година, Тутунски комбинат АД Прилеп (ТКП)  има остварено добивка од околу 6.800.000 денари, што е за прв пат по 20 години во кои важеше за еден од најголемите загубари во земјава.

ТКП последниве години откако е во стратешко партнерство со Филип Морис успеа да го стабилизира своето работење и интензивно да се трансформира во ефикасна и модерна фабрика за производство на цигари и обработен тутун во земјава. Според објавените резултати, во однос на истиот период од минатата година, забележано е зголемување на приходите за 3%, а во исто време намалување на расходите од 18%. За споредба, во истиот период лани Комбинатот оствари загуба од околу 3,8 милиони евра, што упатува на значително подобрување на перформансите.

„Прикажаните резултати за деветмесечјето се потврда на нашите очекувања дека годинава за прв пат по две децении, ќе ја завршиме со добивка. Со оглед дека комбинатот со децении важеше за проблематичен загубар, ова е големa пресвртница што значи дека со домаќинско работење, стручниот тим во Комбинатот и континуирана помош од нашиот стратешки партнер Филип Морис, се трансформираме во ефикасна и компактна компанија. Нашето работење во последниов период бележи значително подобрување на ефикасноста и продуктивноста, што резултираше со производство на високо-квалитетни производи согласно највисоките меѓународни стандарди на Филип Морис. Посебно сум горд што сум на чело на ТКП во овие моменти кога е постигнат овој исчекор“, вели Кирил Станкоски, генерален директор на Тутунски комбинат АД Прилеп.

Благодарение на успешното спроведување на Програмата за подобрување на продуктивноста, ТКП направи нова систематизација на работните места и ги зголеми платите на вработените во клучните сектори – во Погонот Тутун и Погонот цигари. Истовремено ги намали и непродуктивните расходи, ја зголеми енергетската ефикасност во производството, ја подобри состојбата на основните средства, набави нова опрема неопходна за нормално одвивање на производниот процес и се ослободи од непотребните залихи, со што драстично се подобри продуктивноста на компанијата.

Остварените резултати на ТКП секако се должат на стратешкото партнерство остварено со Филип Морис Интернационал и формирањето на заедничка компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП). Партнерството, меѓу другото, овозможи подобрување на инфраструктурата, инсталирање на нови машини за производство на цигари од прогресивните формати на Филип Морис, меѓу кои и на Марлборо, зголемување на продуктивноста и ефикасноста во работењето, како и стабилен откуп на тутун од тутунопроизводителите и навремена исплата на договорените количини. Сето тоа придонесе ТКП да е на пат повторно да стане успешна компанија на општо задоволство пред се на Прилеп и регионот, но и на домашната економија во целина.

Ное 7, 2019agrotim2
Градоначалникот на Кочани со апел до земјоделците: Недопустливо е да продолжи палењето на стрништатаЗаштита на атомизерите и прскалките во зима, конзервација на опремата за наводнување

Напишете коментар Откажи одговор

07/11/2019 Агровестindustrija, тутун, тутунски комбинат176

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019