Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трибина во Кривогаштани- Договорно производство на пченка: Интерес има, се договара загарантирана цена и начин на откуп
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Трибина во Кривогаштани- Договорно производство на пченка: Интерес има, се договара загарантирана цена и начин на откуп
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Трибина во Кривогаштани- Договорно производство на пченка: Интерес има, се договара загарантирана цена и начин на откуп

Објавено 10/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во Општинската сала во Кривогаштани беа дојдени земјоделски производители на пченка кои сакаа да слушнат што е она што го нуди компанијата „Голд Ланд“ во проектот договорно производство на пченка.

Овој проект, кој започна за прв пат годинава во Пелагонискиот регион има за цел да им овозможи сигурен пласман и организирано производство на земјоделците кои произведуваат пченка.

Сопственикот на „Голд Ланд“, Арбен Абдурахмани им ги објасни условите под кои ќе ја откупува пченката, со простор за заеднички договор околу загарантираната цена која ќе ја пишува во договорот.

-Она што ви нудиме како компанија е гарантиран откуп, со договор во кој ќе има загарантирана минимална цена под која нема да се оди. Доколку цената за време на откупот биде повисока, ние ќе ви ја платиме повисоката цена. Исто така предноста која ја нудиме е плаќање истиот ден кога ќе ја донесете пченката. Доколку е пред 13 часот, парите ќе бидат на ваша сметка истиот ден, ако ја предадете пченката после 13 часот, средствата ќе ги имате следниот ден – изјави Абдурахмани.

Се разговараше за тоа која би била минималната загарантирана цена на пченката. Се дадоа неколку предлози, зависно од трошоците за производство, но преовладува ставот за една разумна цена со која ќе бидат задоволни и производителите и откупувачот „Голд Ланд“.

Во една конструктивна атмосфера се разменија мислења, се споделија искуства, се разговараше за долгорочна соработка која ќе почне годинава.

Договорното производство на пченка го организира Агротим во соработка со Земјоделското здружение „Современо земјоделство“, а со поддршка од страна на МЗШВ и АПРЗ.

И на оваа средба се потенцираше значењето на земјоделското осгурување кое е неминовност кога е сигурноста на земјоделците во прашање. СН осигурителен брокер, како лидери во овој дел, одигруваат значајна улога кај земјоделците со активноста која ја имаат на терен и промоцијата на мерката на државата со која производителите имаат субвенции од 60% од полисата.

Трибините се одлична можност за директна комуникација на земјоделците и откупувачот кои треба да бидат партнери во земјоделското производство. Градењето на довербата меѓу нив е клучот на успехот на проектот Договорно производство.

Може да ви се допадне

Цените на пченицата и пченката растат: Еве што стои зад тоа и што да очекувате
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Светското производство на жито на рекордно ниво: Што се очекува од пченицата во 2026 година?
Спремете се за претстојната сезона: ВАКУМСКА СЕАЛКА ЗА ПЧЕНКА- OZDOKEN
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
Таг:договорно производствокривогаштаниопштинаска салапченка
Претходен напис Алатки за резидба: Овошјето се реже со ножици со две острила, а виновата лоза со едно острило
Следен напис Поројни врнежи и ветер од 70 километри на час
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?