Кој алат за што служи, како да се користи и на што најмногу треба да се обрне внимание при режењето, објаснуваат стручњаците.
Време е за резидбата на долгогодишните насади, а за работата да биде поефикасна важно е да се пронајдат ножици кои одговараат најдобро.
„За винова лоза користиме ножици со едно острило, додека кај овошките ги користиме оние со две“, истакнуваат агростручњаците.
Колку се поскапи ножиците, толку е поквалитетно режењето
Што се однесува до алатот, режењето може да биде рачно и машинско. При рачното режење се користат маказите, кои зависно од кавлитетот се со различни цени.
„Направени се ергономски, по обликот на дланката. Можат да се работат големи работни активности, помало напрегање на тетивата, мускулите и помалку се создаваат жуљеви“, велат тие. Материјалот од кој е направено сечивото е синтетизиран челик оплеменет со јаглен и титан кој овозможува многу долга работа без острење и така се постигнува голема работа. Исто така се советува да не се користат евтини ножици затоа што не се од корист, на шега велат дека со нив можете да сечете само кокичиња и нарциси.
Многу често во долгогодишните насади гранките се предебели за режење со помали ножици, а стручњаците објаснија какви да се користат тогаш. „Токму затоа постои дворачен алат со кој можеме да ги направиме резовите, оние кои се поголеми од два- три сантиметри, со што добиваме двојна снага. Иако е нешто поскап, има можност за измена на сите главни делови“, нагласува додавајќи дека таков алат може да потрае и над 30 години.
Пила за најдебелите гранки
Понекогаш е потребно поради болести или старост да се исечат и оние најдебели гранки, а за тоа се користи пилата. Можат да се најдат по различни цени.
„Иако исто изгледаат, разликата е во квалитет на материјалот. Исто така, освен што „запците“ им се навалени напред, и шпицот дополнително е навален. Со тоа се постигнува пилата да не се витка, туку напред има мал отпор, па оди право. Така се добива извонреден рез“, појаснуваат агростручњаците.
Што се однесува до високите гранки и за нив постојат ножици кои одговараат, тие имаат многи висока рачка и се многу поскапи.
Извор: agroklub.com
