Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Три пати зголемено производство сончоглед од лани, новите договори ќе бидат со гарантирана цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Три пати зголемено производство сончоглед од лани, новите договори ќе бидат со гарантирана цена
Растително производство

Три пати зголемено производство сончоглед од лани, новите договори ќе бидат со гарантирана цена

Последна измена: 13/11/2019 10:28
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Успешно заврши проектот Договорно производство на сончоглед 2019 во организација на Асоцијацијата на производители на сончоглед, откупувачот – Фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес и Владата. Според податоците на откупувачот, годинава се откупени три пати повеќе сончоглед од минатата година.

-Лани откупивме 2 300 тони, годинава со договорното производство имаме околу 7000 тони сончоглед од домашно производство. Задоволни сме од откупот, заштедивме девизи за увоз, а не охрабрија и земјоделците со желбата да сеат и полека да го враќаме сончогледот на македонските ниви – изјави Горанчо Лазов, генерален директор на АД „Благој Ѓорев“.

Земјоделците се задоволни од соработката со откупувачот „Благој Ѓорев“ за која велат дека била коректна и согласно договорот.
-Годинава имавме зголемен интерес за сеење на сончоглед поради сигурниот пласман но и зголемените субвенции од страна на државата која ни излезе во пресрет на нашите барања. Уште малку повеќе да не послужеше времето, годинава ќе имавме рекордни приноси – вели Никола Петковски, претседател на Асоцијацијата на производители на сончоглед.

Со ова позитивно искуство од реколта 2019, работната група ја најавува новата кампања на Договорно производство за 2020 година.

– Ќе одржуваме трибини, средби со земјоделците во цела држава каде што успева оваа култура и ќе разговараме како до повисоки приноси и подобар квалитет. Разговараме со г-динот Лазов, во договорите да има и загарантирана цена под која нема да може да се оди. Доколку на берзата цената е повисока тогаш да се доплати до берзанската цена. Сметам дека ова ќе значи уште поголем мотив за производителите заедно со значително зголемените субвенции за сончоглед од страна на државата – изјави Ленче Николовска од Агротим.мк – специјализирана платформа за информации од агркомплексот и агроберза.

Во работната група за Договорното производство на сончоглед е вклучена и фирмата „Биспромет Агроцентар“ од Битола преку авансирање на семе и останати репроматеријали во соработка со откупувачот- Благој Ѓорев.

-Во соработка со „Благој Ѓорев“, ќе им дадеме на земјоделските производители семенски материјал и други репроматеријали на одложено плаќање. Нашите семиња се висококвалитен, од познати еропски и светски семенарски куќи , докажани во светот кои гарантираат висок и квалитетен принос. Особено е важно што сортите се прилагодени на нашите климатски и почвени услови со цел земјоделците да добијат висок принос и да заработат од производството- вели Никола Ѓероски, директор на „Биспромет Агроцентар“.

Кампањата ќе стартува следната недела со трибина во Битола, а потоа средби со земјоделците ќе има и во Прилеп, Свети Николе, Велес, Куманово, Битола и други региони каде што успеава сончогледот.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС
Младиот компир во струмичко ќе се откупува за 35 денари килограм
(ВИДЕО) Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците
(ВИДЕО) Лазов: Aко итно не се преземат мерки да се зголемат површините со сончоглед, заради малите количини и нерентабилноста ќе престанеме со откуп
До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Таг:Благој Ѓоревдоговорно производствооткупсончогледцена
Претходен напис Одгледување краставици на слама
Следен напис Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?