Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје
Субвенции

Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје

Објавено 13/11/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на вчерашната седница донесе одлука за нова дополнителна субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарници. Висината на дополнителната субвенција оваа година ќе биде 2 денари за килограм и дополнително проширена. Конкретно, субвенцијата ќе биде наменета не само за винските сорти вранец и смедеревка, туку и за сортите кратошија, станушина, бургундец црн, жилавка и кадарка од реколта 2019.

Измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година односно моделот за оваа дополнителна субвенција е донесен по повеќето разговори и консултации коишто Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги имаше со производителите на грозје, но и поради проблемите коишто тие ги имаа со цената за килограм винско грозје од сушата која што го намали приносот на грозје од реколта 2019 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделците кои имаат површини под лозови насади и остварено производство од сортите смедеревка, вранец, картошија, станушина, бургундец црн, жилавка и кадарка од реколта 2019 година и да е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија.

На овој начин со новата дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје, се очекува да се намалат загубите на производителите на винско грозје.

Дополнително, на вчерашната владина седница се усвоија измените на Уредбата за поблиски критериуми за директни плаќања, со коишто се продолжува рокот за поднесување на барања за субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко, како и за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети. Односно наместо до 5-ти ноември, сточарите за овие мерки ќе можат да конкурираат до 22 –ри ноември 2019 година Продолжувањето на роковите е поради тоа што во дадените рокови земјоделските стопанства не беа во можност да ги остварат своите права за финансиска поддршка по овие подмерки.

Може да ви се допадне

Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
Мерки за закрепнување на лозјата по период на доцни пролетни мразеви
Националната земјоделска мрежа со соопштение: Зошто државата бара поврат на субвенциите за тутун за 2024?
Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
НЗМ предупредува: Во последно време се засадуваат големи површини со тутун од страна на правни лица и одредени бизнис-групации
Таг:2 денаригрозједополнитнилозаримеркиреколтасубевенции
Претходен напис Три пати зголемено производство сончоглед од лани, новите договори ќе бидат со гарантирана цена
Следен напис До 22 ноември е продолжен рокот за поднесување на барања за субвенции за млеко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?