Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледување краставици на слама
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Одгледување краставици на слама
АгровестРастително производство

Одгледување краставици на слама

Објавено 12/11/2019
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одгледувањето на краставици на слама се состои од копање на канали во пластениците кои се полнат со слама, па кога сламата ке се ,,запали” ја грее зоната на кореновиот систем па краставиците растат брзо и даваат богат принос.

Одгледувањето на краставици на слама е метода разработена во Германија. Се состои во копање на канали во пластениците кои се полнат со слама, па кога сламата ќе се ,,запали” ја грее зоната на кореновиот систем и краставиците растат брзо и даваат богат принос.

Еве и конкретен пример за пластеник долг 30 метри и широк 6 метри. Првиот канал се копа на растојание од еден метар од ивицата по должината на  тунелот, со ширина 80 сантиметри и длабочина 20 сантиметри. Патеката помеѓу два канали е исто така широка 80 сантиметри. На неа се става ископаната земја со која покасно ќе се покрие сламата и на неа ќе се одгледуваат растенија. Во пластеникот широк 6 метри, има три вакви канали. Во нив се редат бали слама и тоа во два слоја. Одкако ќе се стави првиот слој  врз него се става минерално ѓубриво и тоа еден килограм   NPK 20:10:10  по бала слама. За конкретниот пример потребно е 450 бали слама и 225 килограми  минералнио ѓубриво кое се растура врз површината на сламата во дупки од 72 квадратни метри.

 Во недостаток од комплексни ѓубрива,  можат да се направат и други соодветни мешавини . Со оглед на тоа дека се прави прв слој слама, па губриво, врз него треба да се стави и тенок слој негасена вар, па потоа се реди горниот ред слама. Потоа сламата добро се залива со вода и се набива со газење.

Кога сламата ќе се загрее на неа се нанесува слој од плодна земја 

Во тој случај негасената вар почнува да се ,,гаси” и ослободува големо колиество на топлина  поради која сламата се ,,запалува. Кога сламата ќе се загрее на 300 степени Целзиусови, а тоа ќе се случи за неколку дена во покриениот пластеник, врз неа се нанесува слој плодна земја со дебелина од 10-15 сантиметри. Во спротивно без варта  ќе се загрее дури за две недели.

Потоа се расадува расад од краставици обично стари 30-35 дена иако може и помлади , во пластеници без греење обично во почетокот на април. Врз еден ред слама се расадуваат два реда краставици, со меѓусебно растојание од 40 сантиметри и растојание помеѓу растенијата во редот околу 30 сантиметри. Така се добиваат дворедни траки со меѓурастојание од 120 сантиметри (20Х80Х20). Во конкретниот пластеник на овој начин се садат 600 растенија што изнесува 3.300 растенија на еден хектар.  

Во текот на вегетацијата  сламата се разлага и се претвора во хумус, се ослободува топлина која ја загрева зоната на кореновиот систем  и пластеникот, така да со редовно полевање и проветрување се овозможува буен раст и богат род на краставиците.

Извор : https://www.agroklub.com/

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:краставицинови методиодгледување на карставиципластеници со слама
Претходен напис Добиточен пазар во Битола: Овца за 100 евра, мали телиња по 80 евра
Следен напис Три пати зголемено производство сончоглед од лани, новите договори ќе бидат со гарантирана цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?