Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините
Агровести

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Објавено 25/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Советот на Европска Унија денеска ги одобри последните законски измени поврзани со трговскиот договор со САД за царините, што беше постигнат во август минатата година.

– Со тоа завршува законодавниот процес и се потврдува посветеноста на ЕУ кон стабилни, предвидливи и меѓусебно корисни трансатлантски трговски односи, додека се одржуваат потребните мерки за заштита на европските економски интереси, се наведува во соопштението од ЕУ.

По денешната одлука, преостанатите царини на ЕУ за индустриски стоки од САД се елиминирани, се воведува преференцијален пристап за увоз на одредени морски плодови и земјоделски стоки со намалени царини и се продолжува суспензијата на царините за увоз на јастози.

Предвидените заштитни мерки ѝ овозможуваат на Европската комисија брзо да дејствува во случај на значително зголемување на увозот од САД, кога може да се случи значителна штета за европските компании. ЕУ ќе може да го суспендира договорениот царински режим ако САД не ги почитуваат своите обврски и ги поткопаат договорените цели или на друг начин ги нарушат избалансираните трговски односи, вклучително и преку дискриминаторски мерки.

Главните делови од билатералните царински аранжмани ќе важат до крајот на 2029 година, а неколку месеци пред тоа, ЕК ќе направи сеопфатна процена и може да предложи нивно продолжување.

ЕУ и САД имаат најголеми билатерални трговски и инвестициски односи, еднакви на речиси 30 отсто од светската трговија со стоки и услуги и 43 проценти од светскиот бруто домашен производ. Трговијата со стоки и услуги помеѓу ЕУ и САД двојно е зголемена изминатата деценија и минатата година надмина 1,7 трилиони евра. Во 2024 година, компаниите од ЕУ и САД имаа над 4,8 трилиони евра инвестиции на меѓусебните пазари.

МИА

Може да ви се допадне

Сали: Системот „One Stop Shop“ наскоро на граничните премини Ќафасан, Блаце и Свети Наум
Без вода утре и во сабота дел од општина Карпош
Хоџа на терен со земјоделците од Чашка и Велес: Руралниот развој се гради со луѓето кои живеат и работат на село
Најмногу дожд наврнало во Гевгелија, нестабилно време се очекува и денеска во попладневните часови
Викендов во Скопје ќе се прска против комарци се апелира пчеларите да ги заштитат пчелните семејства
Таг:еусадтрговскиот договорцарините
Претходен напис Без вода утре и во сабота дел од општина Карпош
Следен напис Сали: Системот „One Stop Shop“ наскоро на граничните премини Ќафасан, Блаце и Свети Наум
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?