Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција информираше дека следната недела почнува најголемата информативна кампања за новиот ИПАРД 3.
„На 2 мај во 12 часот во хотелот „Хилтон“ ќе се одржи првиот најголем ИПАРД настан за најава на ИПАРД 3 програмата. Месец и половина по информативната кампања ќе биде распишан првиот повик.“, рече Николовски.
„Ние сме единствена земја којашто ќе го почне прва ИПАРД 3, новиот петгодишен период, односно први ќе ставиме на располагање 120 милиони евра на земјоделците, пред Србија, Црна Гора, пред Босна, пред Косово и целиот регион“, изјави Николовски.
Напишете коментар