Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мотивирање на младите земјоделци, еден од приоритетите на Европската Унија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мотивирање на младите земјоделци, еден од приоритетите на Европската Унија
АгровестиРурален Развој

Мотивирање на младите земјоделци, еден од приоритетите на Европската Унија

Објавено 27/04/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Последниве неколку години ЕУ своите земјоделски политики ги насочи кон „подмладување на секторот“ односно мотивирање на младите да се вклучат во земјоделското производство. Според достапните податоци, земјоделци помлади од 40 години се сопственици на само 11% од сите фарми во Европската Унија. Мотивирањето на повеќе млади луѓе да почнат да се занимаваат со земјоделство е поприличен предизвик. Помошта за започнување бизнис за млади земјоделци се обезбедува преку неповратни средства за новонастанати претпријатија, поддршка на приходите и можности како на пример дополнително оспособување.

Со давање поддршка за следната генерација европски земјоделци се зголемува идната конкурентност на земјоделството на ЕУ, а тоа придонесува за безбедноста на снабдувањето со храна во Европа во наредните години.

Во 2020 година најголем процент од земјоделци сопственици на фарми биле мажи постари од 65 години, што подетално може да се види во табелите погоре.

Податоците од 2016 година, кои се абдејтувани во февруари 2021 година го покажуваат процентот на фармери по возраст во земјите членки на ЕУ.

Поддршка која им се нуди на младите земјоделци

Со мерките за поддршка на приходите, ЕУ на младите земјоделци им обезбедува дополнителна помош, при што националните власти мора:

-да издвојат до 2% од нивните вкупни средства наменети за поддршка на приходите за млади земјоделци,

-да одлучат за колку хектари по стопанство ќе биде доделена поддршка во рамките на исплатата за млади земјоделци (максимум 90 хектари)

да се избере метод за пресметување на исплатата за млади земјоделци (до 50% од исплатата за поддршка на приходите на земјоделците)

-да одлучи дали корисниците на програмата за плаќања за млади земјоделци треба да имаат соодветни вештини и/или да исполнат одредени барања за оспособување

-откако прифатливите корисници ќе го започнат работењето, да се доделуваат неповратни исплати на младите земјоделци во период од пет години

-на младите земјоделци да им се даде приоритет при доделувањето на основните права за плаќање од националните/регионалните резерви. Во земјите членки на ЕУ кои спроведуваат основна програма за плаќање, оваа предност е важна за младите земјоделци кои немаат право на исплата, кои имаат помали права за исплата од хектар земјоделско земјиште или кои имаат права за исплата со мала вредност.

Фондови за поддршка на руралниот развој
Покрај тоа, во рамки на програмите за рурален развој често се обезбедуваат дополнителни мерки за помош на младите земјоделци да започнат бизнис. Поддршката може да биде во форма на бесповратни средства, заеми или гаранции осмислени да го поттикнат развојот на руралните претпријатија или совети за тоа како е најдобро да се започне.

Тие мерки за рурален развој се поддржани и од иницијативата за млади земјоделци. Тие ја обединуваат поддршката достапна во рамките на Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (EPFRR) и експертизата на Европската инвестициска банка. Вкупниот износ на поддршката е една милијарда евра. Со заемите ќе управуваат локални банки и лизинг компании кои работат низ ЕУ. Најмалку 10% од износот позајмен на банките кои учествуваат ќе биде наменет за земјоделците под 41-годишна возраст, кои ќе добијат конкурентни услови за финансирање.

Европската Унија, преку различни мерки од Програмата за рурален развој се стреми да ја подобри положбата на младите земјоделци и да го олесни започнувањето и одржувањето на бизнисот.

Ангажирањето на младите луѓе во земјоделството има позитивно влијание на различни области:

-се развиваат руралните средини
-се поттикнува престојот и враќањето на младите во руралните средини
-се поттикнува вработувањето на младите
-се поттикнува развојот и модернизацијата на земјоделскиот сектор
-се поттикнуваат иновации во земјоделскиот сектор.

Младите земјоделци можат да придонесат за развојот на земјоделството поради нивните специфични карактеристики:

-тие полесно ги прифаќаат новите технологии и знаења – повеќе се во чекор со најновите трендови во технологијата
-почесто се одлучуваат да одгледуваат нетипични и профитабилни земјоделски култури
-поактивно учествуваат во донесувањето и креирањето на различни одлуки и сл.
-тие се повеќе свесни за важноста на одржливоста на животната средина.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грантовиЕвропска унијаМлади земјоделцирурален развојфондови
Претходен напис Следната недела почнува информативната кампања за ИПАРД 3, распишување на повик кон средината на јуни
Следен напис МЗШВ: Исплатени рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?